Тој бара девојка од соништата: Нуди награда од 10.000 за посредникот – еве кои се неговите услови

Џо Коен е млад директор на една компанија во Калифорнија. Неговите досегашни напори да пронајде девојка не биле успешни, па се одлучил на нешто поинаков пристап. За оној кој ќе помогне, следи вредна награда.

На оној кој ќе го запознае со девојка со која ќе помине најмалку четири месеци, му нуди награда од 10.000 долари, а 2.000 долари за оној кој ќе го запознае со некој кој ќе го поврзе со девојка. Џо се надева дека така ќе пронајде девојка која не сака само пари.

Овој триесетгодишник направил блог на кој се опишал себе си, но навел и особини кои девојката треба да ги поседува.

Девојката не смее да биде невротична и мора да биде свесна. Мора да биде интелигентна. Не смее да има деца и мора да биде стара помеѓу 20 и 30 години.

Самосвесна, забавна девојка која не е материјалист, би била идеална. Ако не живее во Калифорнија, мора да биде подготвена да се пресели таму. Џо ќе и плати пат и сместување додека се запознаваат.

Коен за себе вели дека е интелигентен, драг, автентичен, позитивен и чесен. Во слободно време се занимава со тенис, патување, запознавање интересни луѓе.