Топлата зима во Европа му го одзема „кецот од ракавот“ на Путин

Откако рускиот претседател Владимир Путин им нареди на своите војници да ја нападнат Украина, едно прашање ги вознемирува европските влади повеќе од речиси секое друго: Што ќе се случи ако Москва го исклучи гасот?

Заканата за намалување на испораките на руски гас за европските земји, од кои повеќето се потпираа на него со години за да ги загреат домовите и да ги напојуваат своите фабрики, беше адут на кој Путин можеше да игра доколку војната што ја започна минатиот февруари ја одвлече во долга зима, пренесува Си -Ен – Ен.

Граѓаните од земјите кои директно не војуваа со Русија се запрашаа, откако студот почна да гризе, зошто нивната удобност и егзистенција се жртвуваа во име на Украина. Се сметаше дека националните лидери, чувствувајќи внатрешен притисок, би можеле да агитираат за омекнување на санкциите или за постигнување мир со посредни услови поволни за Москва.

„Постои традиционално мислење во Русија дека една од нејзините најголеми предности во војувањето е острата зима“, објаснува Кир Гилс, висок консултант во тинк-тенк Chatham House.

„Во овој случај, Русија се обиде да ја искористи зимата за да ја зголеми моќта на друга алатка во нејзината кутија: енергетското оружје. Русија сметаше на зимско замрзнување за да ја освести Европа и да ја убеди јавноста ширум континентот дека поддршката за Украина не вреди за болката во нивните паричници“, додава Гилс.

Потпирање на адутот: ладна зима – испорака на гас, ќе се покаже како уште една погрешна пресметка на Путин, во многуте кои ги имаше пред агресијата врз Украина.

Но, тоа долго студенило допрва треба да помине. Западна и Централна Европа уживаа во поблага зима од очекуваното, што, заедно со координираната желба за намалување на потрошувачката на гас, му го одзеде од рацете еден од најголемите чипови за пазарење на Путин.

Како што одиме понатаму во 2023 година, европските влади сега имаат подотворен прозорец со можности да се консолидираат и да ја намалат зависноста од рускиот гас пред да дојде нова зима. Тоа може да игра клучна улога во одржувањето на обединетиот фронт на Запад додека војната се одолговлекува.

Критичарите ги обвинуваат европските влади дека премногу се фокусираат на контрола на непосредната цена на гасот, наместо да инвестираат во долгорочни мерки како што се ефикасност и обновливи извори на енергија.

„Постои разбирлив политички инстинкт за ублажување на цената бидејќи директно се однесува на грижите за трошоците на домаќинствата и бизнисите. Но, поевтинувањето на гасот го отстранува поттикот за намалување на вкупната потрошувачка“, вели Милан Елкербоут, научен соработник во Центарот за европски политички студии.

На среден рок, Европа сега има можност да спроведе некои од промените во нејзините навики за потрошувачка на енергија кои се покажаа како политички тешки. Приговорите за обновливите извори, како што се копнените ветерни електрани и критиките за цената на нето-нула политики, беа исфрлени во ново светло, сега кога реалните трошоци и нестабилноста што доаѓаат со увезениот гас се поочигледни.

„Владите би можеле да направат повеќе за да го поттикнат и забрзаат развојот на обновливите извори на енергија“, вели Џон Спрингфорд, заменик-директор во Центарот за европски реформи. „Голем чекор би бил давање зелено светло на ветерот на брегот. Исто така, би било мудро владите да изградат капацитет за складирање на течен природен гас (LNG), што може да се случи прилично брзо и директно ја намалува потребата за руски гас“.

Дали европските земји ќе ја искористат оваа кратка шанса да ја зајакнат својата енергетска безбедност или нешто сосема друго е во прашање.

„Ранливоста на Европа која ненадејно беше изложена постоеше поради долгогодишното самозадоволство од западните сили“, вели Џајлс. Западна Европа не беше подготвена да ги послуша државите од првата линија кои предупредуваа за намерата на рускиот режим и разбраа дека поскапата енергија е цена што вреди да се плати во замена за ранливоста на рускиот притисок. Ова самозадоволство ја остави Русија со повеќе отворени цели во големите западноевропски метрополи, особено во Германија“, додава тој.

Колку и да звучи апсурдно додека бомбите продолжуваат да паѓаат врз Украина, враќањето на старото самозадоволство и неуспехот да се зацврсти енергетската независност на Европа не е докрај отстранета.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во декември соопшти дека глобалната побарувачка за јаглен, кој е најзагадувачката од сите фосилни горива – достигнаа рекордно високо ниво во 2022 година во услови на енергетска криза предизвикана од војната во Русија. Само една година откако земјите се согласија да ја намалат употребата на јаглен на климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов, Европа повторно се најде во функција на некои од неодамна затворените електрани на јаглен.

ИЕА објави дека иако зголемувањето на потрошувачката на јаглен било релативно скромно во повеќето европски земји, Германија забележала пресврт во „значителен размер“.

Европските нации историски не сакаат да ги спојат нивната енергетска политика и пазари. Причините за ова се движат од гол личен интерес (зошто една земја треба да има корист од складирањето на друга?) до контролирање на пазарите (на пример, зошто поевтиниот ЛНГ од Шпанија треба да ја намали француската нуклеарна енергија?)

И дури и ако се појави политички апетит за некаков вид заедничка енергетска политика и пазар, би било исклучително тешко да се управува централно бидејќи поединечните нации неизбежно ќе се натпреваруваат за обезбедување ресурси и финансиски субвенции.

Тоа е она што го прави овој моментален прозорец толку важен. Додека продолжуваат активните борби, од витално значење е да послужи како потсетник дека неуспехот да се дејствува сега, може да значи одење во катастрофа следната зима. И самонаметнатата енергетска криза ќе му ја врати моќта на Путин што му беше ускратена преку чиста среќа и несезонско топлото време.

Подготви. Д. Мишев
извор: Civilmedia.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
„Само се шегувавме“: Уапсени во Босна и Херцеговина поради тврдења за исчезната Данка донесена во полиција

Тројцата кои беа уапсени кај Хаџиќ бидејќи тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ, за што барале пари, во полиција изјавиле дека „само се шегувале“. Федералната полициска управа вечерва уапси три лица на локации кај Илиџа и Хаџиќ кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации Прочитај повеќе...

Полицијата ја опколи куќата во која исчезна Данка – возила со ротација забележани вечерва

Неколку автомобили на српското МВР во ротација поминале во правец на куќата пред која исчезнала малата Данка, пренесува Телеграф. Црно возило го следеше колоната под ротација. На стадионот во Бор слета и хеликоптер на српското МВР. Засега не се знае дали багерите, кои го расчистуваа теренот, привремено го прекинаа копањето Прочитај повеќе...

Ковачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусија „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“ во организација на ТИРЗ и Кабинет на ЗПВ Битиќи. Денешната трибина, ја посочи претседателот Ковачевски, како добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите во делот на Прочитај повеќе...

Унијата на Ромите дел од Европскиот фронт, Ахмети: Не’ очекува голема победа

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПA на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ДЕП на Аријан Хоџа и Демократска партија на Турците (ТДП), претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети одржа конференција за медиумите, каде што беше потпишан коалицискиот договор со Фатма Османоска, претседател Прочитај повеќе...

Сонце и температури над 28 степени – Метеоцентар со детална прогноза за претстојниот викенд

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата. Прогноза за 30.03.2024 Минимална температура: Прочитај повеќе...

Нова револуционерна мерка од 2025 година: Седумчасовно работно време за одредени дејсности и сектори

Нова револуционерна мерка во делот на работните односи. Веќе од почетокот на следната година, одредени дејсности и сектори ќе имаат седумчасовно работно време. Веќе од 2025 година во одредени сектори ќе се воспостави работен ден од седум часа, односно работна недела од 35 часа наместо 40 часовна работна недела, но притоа платите нема да се […] Прочитај повеќе...

Битиќи и Деспотовски: Kреираме развој со поддршка на инвестиции на домашни и странски компании

Можностите за инвестиции и поддршка од државата особено за домашните компании, идни мерки како и презентација на примери на македонски компании кои со поддршката од државата градат успешни приказни беше во фокусот на денешната панел дискусија посветена на економијата и инвестициите. Настанот го организираа заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за […] Прочитај повеќе...

Јавното обвинителство се координира со останатите институции за обезбедување фер и демократски изборен процес

Координација на активностите за успешно спроведување на претстојните избори, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес, беше тема на денешниот состанок на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери. На средбата присуствуваше и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот Регион

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбатата се одржа во Завод и […] Прочитај повеќе...

Просечна плата од 1.100 а по влезот на Македонија во ЕУ, 1.300 евра, најавува Битиќи

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за Слободен печат истакна дека СДСМ во новата програма предвидува просечна плата од 1.100 евра до крајот на 2028 година и дека според него тоа е сосем остварливо. „Велиме дека просечната плата во државата во 2028 година ќе биде 1.100 евра и тоа се истите анализи и метрики […] Прочитај повеќе...

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Групацијата Нелт продолжува забрзано да се развива, со синергија на организациски промени, инвестиции во дигитална трансформација и развој на африканските пазари. На третата годишна конференција „Accelerate 2025“, посветена на актуелната деловна стратегија, присуствуваа повеќе од 200 менаџери на компаниите кои се дел од Групацијата. Милош Јелиќ, првиот извршен директор на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Прва регионална конференција на професионални сметководители во РСМ:  Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Неопходни се одлучни чекори, јасна институционална поддршка и соработка помеѓу сите засегнати страни и партнери во процесот, како и искористување на искуствата на земјите од регионот, за да се овозможи натамошен развој на сметководствената дејност и унапредување на статусот на професионалните сметководители во нашата земја. Ова се дел од препораките... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Собранието го донесе новиот закон за вино – Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Собранието на Република Северна Македонија, на денешната седница, со 64 гласа ЗА го донесе новиот закон за вино, предложен од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исполнивме уште еден даден збор пред лозарите. Новиот закон за вино во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство, во делот на воведувањето... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип

Со пуштање во употреба на новата трафостаница „Штип 1“ се поттикнува локалниот развој во штипскиот регион. На официјалниот старт со работа на трафостаницата присуствуваа претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов. „Задоволувањето на потребите на нашите корисници и сигурноста... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Поголемата финансиска инклузија на жените претприемачи преку развивање вештини, знаења, изработката и следењето на соодветните податоци и пристапот до финансиски средства се основните цели на пилот-проектот со кој ќе раководи Народната банка со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ова беше истакнато на денешниот настан на кој... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЖЕНИТЕ ВО ПРЕДНОСТ: Научниците открија максимален број години колку луѓето можат да живеат

Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас. Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години. Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат на ергенски и момински забави

Жените често се повозбудени од мажите за денот на нивната венчавка. Тие му придаваат важност на секој детал, дури и на чиновите што доаѓаат пред самиот ден на свадбата. При нивното организирање се одлучува дали тоа ќе биде помирна опција или на пример одење во клуб, изнајмување простор и слично, а често на овие прослави... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Четири хороскопски знаци кои ќе пливаат во пари овој март!

Еве четири хороскопски знаци со оптимистички финансиски изгледи за март 2024 година: Бик: Поединците Бик може да најдат профитабилни можности во стабилни инвестиции или потфати со недвижнини во текот на март 2024 година. Нивната практична природа и решителност може да доведат до значителни финансиски придобивки. Лав: Лавовите може силно да блеснат во нивните кариери во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...