Трагедија: Куче убило мајка и син

Германската полиција соопшти дека куче усмртило една жена и нејзиниот возрасен син во стан во Хановер.

Полицијата соопштила дека еден роднина ги известил надлежните органи откако низ прозор од станот забележал тело.

Пожарникарите морале да го фатат кучето од расата американски стафорд пред да ги најдат телата на 52-годишната жена и нејзиниот 27-годишен син.

Полицијата соопштила дека двете лица ги убило нивното куче.

Властите во Германија ги заострија прописите во врска со нападите на кучиња, по низата инциденти 2000 година.