Ужасна трагедија: Кучиња растргнале девојче додека се враќало од училиште

Улични кучиња ја растрнале 12-годишната Лиза Канареинка од Украина додека се враќала дома од училиште, а потоа „делумно ја изеле“, пишуваат тамошните медиуми.

Животните ја нападнале во шума низ која поминувала секој ден на пат од училиште до дома, во украинскиот град Харцеск, на околу 30 км од Донјецк. Кога не се вратила од училиште навреме, нејзините родители почнале да ја бараат па го пронашле нејзиното растргнато тело во снегот натопен со крв.

Како што пренесе Дејли Мејл, нејзиното тело го затекнале во ужасна состојба, кое го растргнале кучињата.

„Ја пронајдовме овде во шума, беше распарчена во делови“, рекла нејзината соседка Наталија Скиба.

Еден локален медиум известил дека делови од нејзиното тело „буквално биле растргнати“, а дека снегот бил „црвен од крв“.

Други медиуми наведуваат дека кучињата делумно го изеле телото на девојчето, пренесе Блиц.