Тренчевска: Преку јавни расправи и вклученост на сите страни, заедно креираме нов современ закон за работни односи, кој ќе одговори на потребите на денешното време

Во Клубот на пратеници денеска се оддржа првата јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи, со што воедно започна серијата јавни расправи кои ќе се оддржуваат во повеќе градови во државата во текот на месец јануари и февруари.
Социјалните партнери денеска дискутираа за досегашните предлози дадени изминатиов период, во кој сите страни имаа можност да дадат предлог или коментар со цел креирање на квалитетно законско решение во интерес на сите страни.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето воведно обраќање ја истакна потребата од изготвувањето на нов текст на законот, кој би содржел јасни и прецизни одредби, со кои би се надминал проблемот на различни толкувања при нивната примена.
„Од самиот почеток одлуката беше процесот да биде целосно инклузивен и да ги вклучува сите оние кои можат да дадат придонес во обликувањето на законот и неговата содржина и особено сме горди што ваквиот начин на подготовка на законот значеше издигање на трипартитниот дијалог, односно социјалниот дијалог на национално ниво, на многу висока позиција. Покажавме дека сакаме да го слушнеме гласот и на работниците, но и на бизнис заедницата, и аргументираните и издржани, решенија, да ги вклопиме во законот,“ истакна Тренчевска.
Во процесот беа вклучени и граѓанските организации, претставниците на судовите и на академската заедница, односно сите коишто сметавме дека со нивните конструктивни предлози ќе му додадат вредност на законот.
Таа потенцираше дека, Законот за работни односи е основен закон со кој се уредуваат базичните права од работен однос, кој воспоставува баланс во односите помеѓу договорните страни, работниците – работодавачите и создава правна сигурност кај работниците од една страна и продуктивни работници за работодавачите од друга страна.
„Последниве години, во нашата земја, сме сведоци на промените на пазарот на трудот ,кога имаме дефицит на работна сила и кога се бара работник повеќе, особено добар работник. Неминовно, пазарот на трудот прави и саморегулација на овие односи. Во текот на процесот на подготовка, слушнавме дека дури и работодавачите сметаат дека работниците не се повеќе послабата страна. И ова е можеби добро, бидејќи ја менува перцепцијата за односот работник – работодавач во насока на тоа и двете страни да сфатат дека едни без други не можат, дека си се потребни и дека треба да се почитуваат и да се грижат едни за други и да го негуваат договорниот однос и правата и обврските кои произлегуваат од него, “ рече Тренчевска.
На денешната јавна расправа се дискутираше за дел од новитетите кои ги носи новиот закон за работни односи, како што е времетраењето на договорите на определено време и нови форми на договори, регулирање на отсуството заради раѓање и мајчинство, вклучување на отсуство на таткото по раѓање на детето, годишните одмори, отказните рокови , а се прави и јасна дистинкција и во делот на прекршоците.
Министерката изрази убедување дека преку заедничка работа и вклученост на сите страни, се дојде до нацрт верзија на законско решение, која претставува еден современ закон, кој ги содржи сите меѓународно прифатени трудови стандарди, од конвенциите на Меѓународната организација на трудот до директивите на ЕУ, закон кој ја следи динамиката на пазарот на трудот и ги отсликува реалните состојби на работните односи во Република Северна Македонија. Закон, кој ќе промовира флексибилност, кој ќе придонесе за задржување на постоечките и креирање на нови работни места.
По завршувањето на серијата јавни расправи, Законот ќе биде поставен на ЕНЕР, каде што повторно ќе може да бидат дадени предлози и коментари. А потоа, за законот ќе се дискутира и на Економско социјалниот совет, каде заеднички со социјалните партнери ќе се дојде до финалната верзија.
„Се надеваме дека времето и праксата ќе покажат дека носиме добар закон, кој ќе биде соодветна основа за унапредување на односите помеѓу работниците и работодавачите,“ порача Тренчевска.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Американски историчари: Бајден е 14-ти најдобар претседател на САД, а Трамп е најлош

Последните анкети не одеа баш во корист на американскиот претседател Џо Бајден. Тој има помал рејтинг од сите претседатели до Двајт Ајзенхауер во оваа фаза од нивниот мандат, а во анкетите заостанува дури и зад поранешниот претседател Доналд Трамп, со кого најверојатно ќе има реванш на есен. Но, се појави Прочитај повеќе...

171 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон Прочитај повеќе...

ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ СВЕТИ ТЕОДОР СТРАТИЛАТ: Се верува дека ќе ве заштити од неволја ако го направите ОВА

Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода Православната црква и нејзините верници денеска на 21 јуни го слават Светиот великомаченик Теодор Стратилат, светец од IV век за кој пишувал и владиката Николај Велимировиќ. Светиот великомаченик Теодор Стратилат бил римски војвода и градоначалник на градот Ираклија во моментот кога решил да Прочитај повеќе...

Недостигот на дожд предизвикува проблеми во Италија

Ќебе од смог го покрива Милано, празни цистерни се печат на Сицилија, а производството на вино во Пиемонт опаѓа бидејќи недостатокот на дожд низ Италија го влошува загадувањето и предизвикува суши. Во вторникот во Милано и во осум други градови низ Ломбардија беа забранети автомобилите со гас, откако индустрискиот регион Прочитај повеќе...

Аналитичари: Изградбата на нови станови во Европа ќе ослабне поради високите трошоци

Изградбата на нови станови во Европа нагло ќе ослаби во наредните години поради зголемените трошоци, објави германскиот институт Ифо, повикувајќи се на проекциите на мрежата на европски институти Еуроконструкт. Европа ќе добие само околу 1,5 милиони нови станбени единици до 2026 година, 13 отсто помалку отколку во 2023 година, објави Прочитај повеќе...

171 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, 18 мерки за […] Прочитај повеќе...

Во март растат и пензиите и платите: Еве што се’ очекува на економската сцена

Оваа година ќе има ново зголемување на платите, пензиите и минималецот. Очекувањата се дека економијата ќе се развива позасилено, а се очекува да пораснат и инвестициите. Иако, се уште се присутни влијанијата на шоковите од економската и енергетската криза врз глобалните економии, во земјава навремено донесените мерки ги даваат посакуваните резултати. За оваа година сеочекува […] Прочитај повеќе...

УХМР со нови најави – Какво ќе биде времето?

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Прочитај повеќе...

Нишчанка преку весник се откажа од снаата, секој збор е полуд од претходниот

Кавгите меѓу членовите на семејството не се ништо ново во Србија, а најдрастична мерка, освен тужбата на суд, отсекогаш била откажувањето преку весниците. Ова е и закана која често се слуша од родителите кога децата не слушаат, но такво нешто ретко се остварува. Меѓутоа, една жена еднаш го направи токму тоа кога во весникот објави […] Прочитај повеќе...

Подгответе се: Еве кога почнува летното сметање на времето

Секоја година летното сметање се случува во последниот викенд во март. Летното сметање во 2024 започнува рано изутрина на 31 март во недела. И тоа во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот. Прочитај повеќе...

Индекс на страв и алчност: Биткоинот се приближува до 50.000 долари, овие 3 криптовалути забележаа најголем раст

Денеска во 15:00 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance, Биткоинот поскапе за 1,31 отсто на 48.848,19 евра во последните 24 часа. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 22,98 милијарди евра. Индексот на страв и алчност на Биткоин моментално е на 72 во категоријата... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Курсна листа за 21 февруари 2024 – Колку е доларот, а колку еврото?

Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 20.02.2024 која се применува од 00:00 часот на 21.02.2024 година до почетокот на важење на новата Курсна листа Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

На четиричлено семејство му се потребни приближно 1.000 евра за да го преживее февруари

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. Со изнајмен стан од 60 квадрати минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денар и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари. Според... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Приходите од Суецкиот канал се намалени за половина

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска изјави дека приходите од Суецкиот канал се намалени за половина оваа година поради влијанието на нападите на Хутите врз поморството. Зборувајќи за ефектот од војната меѓу Израел и Хамас и другите прекугранични несогласувања што ги предизвика конфликтот, Ал Сиси рече дека „суецкиот канал, кој... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Кина ја намали каматната стапка

Народната банка на Кина (PBoC) денеска на својата веб-страница објави дека одлучила да ја намали каматната стапка. Кина ќе ја намали каматната стапка на петгодишните заеми, која е поврзана со повеќето хипотеки, од 4,2 отсто на 3,95 отсто. Банката на Кина одлучи да ја намали оваа каматна стапка за прв... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...