Три нови случаи на коронавирус во Ресен, сега се 111 заразени

Во Ресен регистрирани се нови 3 случаи на коронавирус во изминатото деноноќие.

Досега во Ресен се заразени дури 111 лица од овој опасен вирус.

Од сите заразени активни се 97 случаи, а досега починале 3 лица од почетокот на пандемијата.