Турците, Бошњаците и Ромите се за интеграција: Пратениците на етничките заедници да го напуштат бавниот воз на Мицкоски

Претставници на турската, босанската и ромската заедница за Фронтлајн велат дека единствениот пат за просперитет на Северна Македонија е тој кон Европската Унија. Велат дека што поскоро треба да се гласаат неопходните уставни измени, за воведување на бугарската заедница и на некои други заедници во Преамбулата на Уставот.

Претставниците на овие три заедници ги повикуваат помалите партии и помалите етнички заедници кои се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, да се дистанцираат од изолационистичките мислители на Христијан Мицкоски, да се откажат од неговата изолационистичка политика и да размислуваат во интерес на државата и на граѓаните.

Енес Ибрахим, претседател на партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП), за Фронтлајн изјави дека сите анкети потврдуваат дека турската заедница во Република Северна Македонија недвосмислено дава поддршка за брза ЕУ интеграција.

„Кога ќе ја погледнеме опозиционата коалиција очигледно е дека освен ВМРО-ДПМНЕ не се истакнува ниту една друга политичка партија која има свој автентичен став, туку гледаме поединци кои слепо и немо се припојуваат кон реториката на ВМРО-ДПМНЕ и тоа само поради свои лични интереси и политички калкулации. Од друга страна треба да се истакне дека во опозициониот блок и нема пратеник од турската заедница, а и не гледам некоја зрела и сериозна политичка структура од турската заедница која во моментов се наоѓа во таа коалиција. Сите сондажи потврдуваат дека турската заедница во Република Северна Македонија недвосмислено дава поддршка за брза ЕУ интеграција, оттука сите обиди за поинакво толкување на фактичката состојба е само евтино политиканство кое се граничи со дилетантизам“, нагласи Ибрахим.

Сметам, подвлече тој, дека се наоѓаме во една ситуација каде што единствено разумно решение е брзо носење на уставните измени со што конечно ќе ја елиминираме и последната пречка на патот кон ЕУ, секое одлагање е саботажа на децениските стратешки цели на нашата земја, која ќе резултира со изолација.

„Крајно време е сите политички субјекти да сфатат дека лошите соседски односи, изолацијата и погрешните одлуки во минатото ни потрошија драгоцени години, избркаа многу млади луѓе од својата татковина. Затоа, уште еднаш упатувам апел до сите мои колеги пратеници, да постапиме одговорно, чесно, рационално и да донесеме државнички одлуки кои ќе ги отворат портите на ЕУ. Доколку опозицијата се вклучи и соработува во овој процес ќе го зголеми коалицискиот капацитет, во спротивно повеќе од очигледно ќе биде дека се анти-ЕУ настроени и тешко ќе можат да сметаат на соработка со прогресивните политички партии“, вели Енес Ибрахим.

Џелал Хоџиќ, претседател на Странка на демократска акција на Македонија (СДА), истакна дека политичарите кои се обидуваат да нѐ уплашат со некаква “бугаризација” би требало да ги стават државните над партиските интереси или да излезат јавно и пред гласачите да кажат дека се против зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ.

„Овој момент е важен да се искористи, затоа што после агресијата на Русија врз Украина, можеме да кажеме дека постои поголема свест кај нашите пријатели од Западот, за што побрзо интегрирање на државите од Западен Балкан во ЕУ. Веќе имаме јасни пораки дека вратите на ЕУ повторно се отвараат и ако навремено се завршат реформите, може да се надеваме на членство во ЕУ до 2030 година. Република Северна Македонија треба да го избегне сценаријото во кое ќе го пропушти возот за ЕУ со Црна Гора и Албанија, па ќе остане во друштво на Србија, БиХ и Косово. Така еднаш ја испуштивме Хрватска. Кај е денес Хрватска, а каде заостанавме ние? Во 2005 година бевме рамо до рамо со Хрватска“, изјави Хоџиќ за Фронтлајн.

Елвис Шаќири, извршен директор на Институт за истражување и анализа на политики – „Ромалитико“, вели дека и ромските општествени фактори вклучувајќи ги политичките партии од двата спектри, невладините организации и сите други групи едногласно ќе ги поддржат уставните измени затоа што Ромите се европски граѓани и се сѐ поблиску до остварувањето на европскиот сон. За Ромите никогаш немало ниту ќе има алтернатива на интеграцијата на државата во Европската Унија.

Нашето макотрпно заложување и лобирање за Европска иднина се остварува со видливи резултати. Ромските граѓански организации постојано се во контакт со Брисел и застапуваат за реформите потребни за да Република Северна Македонија денес биде со статус кандидат за приклучување кон Европското семејство. Истото треба да го направат и ромските политички партии за надминувањето на предизвикот за интеграција на државата во Европската Унија. Ромските политички партии треба да ја разберат потребата за одлучност и единство за гласање на уставните измени кои претставуваат главна и единствена кочница за интеграција предизвик а со тоа се свесни и лојални на идејата за интеграцијата на државата во Европската Унија“, вели Шаќири за Фронтлајн.

Од друга страна, земјите членки на Европската Унија побараа од Северна Македонија што поскоро да ги одобри уставните измени за да се отвори патот за разговори за членство.

Оваа порака до македонските власти им ја пренесоа државниот секретар на Франција, Лоренс Бун, германската министерка за Европа, Ана Леерман и полскиот министер за Европа, Шимон Шинкоески. Тројцата високи функционери на земјите-членки на ЕУ при посетата на Скопје порачаа дека процесот за влез во ЕУ не може да започне или да се заврши без исполнување на условите, пред сè уставните измени.

Дестан Јонузи

извор Фронтлајн.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Николоски фатен во нова лага – тврдеше дека Груевски „збор нема кажано“ за „францускиот предлог“

Во гостување на 360 на 25.09.2023 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека во објавите на Никола Груевски немало збор за францускиот предлог до обзнанувањето на тоа што се случува зад сцената од актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски: „Некој нека направи анализа, затоа што тој извади дури и книга... Прочитај повеќе...

Груевски за ВМРО-ДПМНЕ: Треба да смислат квалитетна програма, а не ако СДСМ вика А ние да викаме Б

Со внатрепартиски препукувања не може да се привлечат независни гласачи, тие се привлекуваат со квалитетна понуда на проекти, порача екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вечерашното вклучување во живо. „Треба многу конкретна понуда, многу квалитетна понуда, не како досега ако СДСМ вика А ние да викаме Б.... Прочитај повеќе...

Груевски: Ако им одговорам на Мицкоски и Николовски ќе се чудат што ги снашло

„Се трудам да се воздржам да не кажам некои работи што ќе им направат голема штета. Јас иммам многу информации но сум незадоволен од многу работи“ – рече Никола Груевски во вонредното вклучување во емисија во живо на порталот Инфомакс. „Јас со многу нивните политики не се согласував и сега... Прочитај повеќе...

Невреме во Македонија

Променливо облачно и посвежо, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени. Времето... Прочитај повеќе...

Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат

Светското екипно првенство за шахисти над 50 годишна возраст во Струга веќе во третото коло го донесе дерби мечот на највисоко рангираната екипа, репрезентацијата на САД, со шахистите на Алкалоид кои се четврти носители на турнирот. Мечот заврши нерешено, 2:2, но самите партии ни оддалеку не беа мирољубиви. Шахистите на... Прочитај повеќе...

Николоски фатен во нова лага – тврдеше дека Груевски „збор нема кажано“ за „францускиот предлог“

Во гостување на ТВ21 на 25.09.2023 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека во објавите на Никола Груевски немало збор за францускиот предлог до обзнанувањето на тоа што се случува зад сцената од актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски: „Некој нека направи анализа, затоа што тој извади дури и книга од фејсбук-статуси, дали од објавувањето […] Прочитај повеќе...

Груевски за ВМРО-ДПМНЕ: Треба да смислат квалитетна програма, а не ако СДСМ вика А ние да викаме Б

Со внатрепартиски препукувања не може да се привлечат независни гласачи, тие се привлекуваат со квалитетна понуда на проекти, порача екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вечерашното вклучување во живо. „Треба многу конкретна понуда, многу квалитетна понуда, не како досега ако СДСМ вика А ние да викаме Б. Треба обмислени проекти, со пресметка. […] Прочитај повеќе...

Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат

Светското екипно првенство за шахисти над 50 годишна возраст во Струга веќе во третото коло го донесе дерби мечот на највисоко рангираната екипа, репрезентацијата на САД, со шахистите на Алкалоид кои се четврти носители на турнирот. Мечот заврши нерешено, 2:2, но самите партии ни оддалеку не беа мирољубиви. Шахистите на Алкалоид влегоа во мечот со […] Прочитај повеќе...

БОНУС ОД МИЛИОН И ПОЛ ДЕНАРИ ВО СПОРТ ЛАЈФ

  Нов милионски тикет во „Sport Life” – Струмица, со помош на големиот Фибоначи бонус на добивката од 610% . Ова шесткратно зголемување на добивката, редовниот играч на „Sport Life“ го остварил со уплатени 50 денари, а освоил неверојатни 1.795.145 денари. Дури 1,5 милион денари се од бонусот на добивката, која инаку би изнесувала 300.000 […] Прочитај повеќе...

Спасовски за Фронтлајн и Цивил Медиа: СДСМ е стожер на проевропскиот фронт, за мене е важно тој проевропски фронт да ја добие довербата на граѓаните

Во интервјуто за Фронтлајн и Цивил медиа, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски запрашан за приклучувањето на СДСМ на проевропскиот фронт, рече: „Еднаш и засекогаш мора да се одвојат прогресивните сили во државата визави сите оние кои што ја влечат државата назад, оние ретроградни сили, оние сили коишто не ѝ помагаат на државата да напредува. […] Прочитај повеќе...

Мексико ја престигна Кина

Кина повеќе не е најважниот надворешно трговски партнер на Америка, туку Мексико е, според американските статистичари. Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД. Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во... The post Мексико ја престигна Кина appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР... The post Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст и суровата нафта „брент“ првпат од почетокот на годинава достигна цена од 93 долари за барел. Меѓународната агенција за енергија (МААЕ) објави дека доброволното продолжување на дневните ограничувања за производство на нафта од страна на Саудиска Арабија и Русија ќе... The post Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании

Руските граѓани имаат основано 6.976 компании во Србија од почетокот на војната во Украина. И покрај оваа бројка, под знак прашалник е дали сите овие компании ќе придонесат за растот на српската економија или се само начин руските граѓани да добијат дозвола за постојан престој во Србија со која дополнително... The post Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Борба против инфлацијата: Европската централна банка по 10-ти пат ја зголеми каматната стапка

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја зголеми каматната стапка 10-ти пат по ред во борбата против постојаната и висока инфлација која ги мачи потрошувачите, иако расте стравот дека повисоките трошоци за задолжување можат да придонесат економијата да влезе во рецесија . Зголемувањето на стапката за четврт процентен поен доаѓа додека... The post Борба против инфлацијата: Европската централна банка по 10-ти пат ја зголеми каматната стапка appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy