Уапсени петмина полицајци кои претепале три момчиња – фрлање на плочник, удирање со глава од ѕид и шамари биле само дел од тортурата

Петмина припадници на црногорската интервентна единица, кои претепале три момчиња во Подгорица, се уапсени поради злоставување.

Од Обвинителството наведуваат дека се „преземени итни мерки во цел собирање докази и податоци за расветлување на настанот“.

Сè започнало кога на интернет се појавила видео снимка од полициска бруталност над момчињата кои не пружале никаков отпор.

Фрлање на плочник, удирање со глава од ѕид и шамари биле само дел од тортурата над трите момчиња во Подгорица, јави Радио Слободна Европа.

Веднаш по објавувањето на снимката, реагирале од управата на полицијата од каде наредиле контрола за испитување на случајот.