Убава вест за сите земјоделци – зелена нафта поевтина за 50%

Убава вест за сите земјоделци – поевтина нафта за 50%

Земјоделците ќе добијат поевтина, зелена нафта. Според проценките, оваа мерка ќе почне да функционира кон средината на 2018, а цената на зелената нафта ќе биде поевтина за 50%.

Законските измени со кои ќе се овозможи зелена нафта предвидуваат секој земјоделец да добие електронска картичка и со неа да купува нафта на бензинските пумпи.

Со предлогот, на земјоделците ќе им се овозможи за 50 проценти поевтина нафта.

За 2018 година за поддршка на зелената нафта се предвидени околу 5 милиони евра.