Убава вест за земјоделците: Се зголемуваат субвенциите – еве од кога
Ќе се зголемат субвенциите за лозарите кои имаат насади до 10 хектари
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на одбележувањето на денешниот празник на лозарите и винарите, ги информираше лозарите за новите мерки во програмата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.
– Оваа година со програмата предвидуваме зголемување на субвенциите за сите лозари кои имаат лозови насади до 10 хектари.
– Нашата интенција како политика ќе биде, да ги стимулираме лозарите да го модернизираат производството, и да даваме уште поголема поддршка на категоријата на земјоделци кои што навистина може да го донесат развојот – рече Николовски.
Премиерот Зоран Заев кој исто така денеска беше во Кавадарци, изјави дека Владата почнала разговори со винарниците и откупувачите, за да може да се обезбеди поповолна цена за производителите.
– Убеден сум дека со новите мерки што ги прави Владата, посебно за стимулирање на нови насади, отварањето на нови пласмани и со освојувањето нови пазари, цените на грозјето ќе растат – рече Заев.
Извор: Мета.мк