УХМР излезе со ново предупредување: Еве какво ќе биде времето наредниве денови

Во следнава ноќ ќе се зголеми облачноста и таа ќе се задржи и утре преку денот кога ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд.

Утре претпладне врнежите ќе се претежно во западните делови, а потоа ќе се прошират и кон исток.

Врнежи од дожд ќе има и во вторник, а во среда и во ноќта кон четврток само понекаде на западот ќе има локален дожд.

Во вторник и во среда ќе дува повремено засилен јужен и југозападен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава, што ќе овозможи забрзано топење на снегот.