УХМР најави нов влажен бран – ќе врне и дожд и снег

УХМР најавува нов влажен бран – обилни врнежи од дожд и снег

 

Од среда претпладне на запад ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет кои попладне и вечерта ќе се преместуваат кон исток.

На високите планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

Нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува за време на викендот.