Уловиле сом од 185 кг: Во неговата утроба пронашле човечки коски – се шокирале кога дознале чии се остатоците

Полски риболовци во реката Одра уловиле сом стар помеѓу 90 и 110 години. Овој капиталец бил тежок 185 килограми, но она што е посебно интересно во целата приказна е што пронашле во утробата на сомот.

Имено, во оваа џиновска риба пронајдени се човечки коски и значки. После шокантното откритие во утробата на сомот, риболовците повикале и полиција, која набрзо покренала истрага, како би го открила идентитетот на човекот чии коски се пронајдени во рибата.

Полицијата се обратила до биолози и форензичари. Тие утврдиле дека коските припаѓаат на нацистички официр од Втората светска војна и дека сомот е стар помеѓу 90 и 110 години.

Стручњаците, меѓутоа, не можеле со сигурност да кажат дали човекот, чиј коски се пронајдени во утробата на оваа риба, умрел на некој друг начин или пак сомот го убил, па го изел.