Уште една трагедија: Олимписка шампионка пронајдена мртва

Потрагата која траела повеќе од месец дена завршена е со трагично откритие. (Фото: Билд)

Др. Бригит Ахренхолц, која исчезнала на 4 март, пронајдена е мртва во Големото езеро во близина на градот Вердер во германската покраина Бранденбург.

Ахренхолц е поранешна олимписка шампионка која освоила златен медал на Игрите во Монтреал 1976 година. Била члкенка на веслачкиот осмерец на бивша ДДР кој стигнал до злато пред посадата на, исто така, бивша СССР.

По завршувањето на спортската кариера Бригит Ахренхолц дипломирала на Медицински факултет и работела како хирург во своја приватна ординација. Сè до смртта била активен член на веслачки клуб.

Причината за смртта на 65-годишната Бригит Ахренхолц се уште не е разјаснета, но нема индикации за насилни повреди.