Уште малку сончево време, а потоа ново изненадување – еве што ќе се случува со времето

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Дневната температура ќе се движи од 11 до 22 степени.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст.

Во четврток се уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд.

Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има од ноќта кон петок и ќе биде проследен со повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер, а особено на југот ќе има услови за појава на нестбилност и грмежи.