Уште утре снег низ Македонија, а еве што не очекува од недела

Уште утре снег низ Македонија, а еве што не очекува од недела!

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален снег, а во југоисточните делови со локален дожд. Дневната температура ќе се движи од -5 до 8 степени.

Утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со провејување на слаб снег, кој во јужните делови повремено ќе преминува во дожд.

Во недела преку денот и особено од попладне ќе започнат врнежи од дожд и дува умерен до засилен југоисточен ветер со што ќе започне неколкудневен период на постепен пораст на дневните температури.