Утре претежно сончево време, а еве што ќе се случува наредниве денови

Утре и во вторник во поголем дел од земјава ќе биде претежно сончево, а само на западот ќе има повремено зголемување на облачноста.

Утре на планините на северозапад ќе има и услови за провејување на слаб снег. Утринските температури ќе бидат најниски утре изутрина, а потоа ќе бележат пораст.

Под влијание на јужно струење во наредните денови дневните температури ќе бидат релативно високи.

Во среда облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд во западните делови ќе има во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне.