Важно соопштение на ЈЗУ Здравствен дом Ресен во врска со актуелната криза со коронавирусот

И З В Е С Т У В А Њ Е

Со оглед на новонастанатата ситуација со вирусот COVID 19, потребните информации можат да се добијат на тел:071/225 283 и во интерес на здравјето на сите наши сограѓани да не се ЗЛОУПОТРЕБУВА телефонот за итни повици 194.

Во врска со препораките на МЗ се известуваат сите хронични и неподвижни болни дека доколку имаат потреба од здравствена услуга ќе им биде обезбедена во нивниот дом.Потребно е да не известат преку нивните матични лекари или преку централата на ЈЗУ Здравствен Дом 047/452 960 или 071/225 283.

Здравствен Дом-Ресен

/Соопштението е објавено интегрално/