Вечерва седница на Владата – Донесени се важни заклучоци

Владата на Република Северна Македонија на редовната 20-та седница го разгледа Записникот од Првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, одржан на 16 март 2020 година и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, ги усвои следните заклучоци:

1. Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Центарот0 за управување со кризи и Министерството за здравство да ја разгледаат можноста преку соодветен начин сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи за одмор и рекреација кои се наоѓаат внатре во подрачјата на општините на кои постои кризна состојба или во непосредна околина на истите (Маврово и Ростуша), безбедно да ги напуштат своите викенд куќи за престој, по претходна проверка од страна на епидемиолози.

Доколку не е можно спроведување и реализирање на оваа мерка, да се преземат мерки и активности од надлежните институции за редовен дотур на храна и продукти неопходни за овие лица.

2. Се затвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на странски државјани – патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор во Република Северна Македонија, како и за други лица, за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство.

3. Се затвора Меѓународниот Аеродром Скопје и граничниот премин на овој аеродром по истек на 48 часа од денот на влегувањето во сила на оваа одлука, освен за државни, воени, хуманитарни, болнички, карго и летови без патници за позиционирање на воздухоплови, со претходна најава до аеродромскиот оператор ТАВ Македонија ДООЕЛ, а АД М-НАВ Скопје да издаде НОТАМ препорака за истото.

4. Согласно мерките од заклучоците бр. 3 и 4, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19.

5. Се задолжува Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат, за професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат во Република Северна Македонија да издадат посебна дозвола или посебен здравствен протокол со кој ќе се обезбеди посебен здравствен и протоколарен режим на влез во државата на овие лица. Претходно дадената лична изјава се смета за неважечка.

6. Се задолжуваат Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт и врски, заеднички да ги разгледаат можностите за враќање на државјаните на Република Северна Македонија кои се затечени на аеродромите во Загреб, Истанбул, Виена и Варшава, односно со автобуски превоз овие државјани да бидат донесени во Република Северна Македонија.

7. Да се препорача на Судскиот совет и на Врховниот суд на Република Северна Македонија да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди, предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

8. Да се препорача на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Адвокатската комора во Република Северна Македонија и Комората на извршители на Република Северна Македонија да ги спроведуваат сите мерки, заклучоци и препораки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија.

9. Се задолжува Министерството за внатрешни работи, возилата на граничната полиција да ги стави на располагање за потребите на Армијата на Република Северна Македонија за мобилните патроли во граничните предели.

10. Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите и проверките на лицата кои се упатени да спроведат самоизолација и за почитување на мерките на Владата и за истото да ја известува Владата на дневна основа.

11. Се задолжува Министерството за внатрешни работи на дневна основа да ја известува Владата за исходот од извршените контроли на граничните премини, бројот на контроли и издадените дозволи.

12. Се укажува на Железници на Република Северна Македонија, Транспорт АД Скопје, по принципот на донесените одлуки од ЈСП Скопје, времено да ги прекинат мерките кои се однесуваа на бесплатните билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.

13. Сите неопходни и итни потреби и набавки на сите државни институции во Република Северна Македонија, поврзани со обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, институциите да ги извршат со финансиски средства од сопствениот буџет за 2020 година.

14. Да се упати апел до граѓаните во Република Северна Македонија, да не патуваат надвор од државата.

15. Владата ги прифати Препораките на Министерството за здравство за превозниците кои патуваат во средно и високо ризичните земји.

На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки товарни моторни возила за превоз на прехранбени производи и друга стока, за време на нивниот транзитен превоз и престој, товар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:

– Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет.

– Се забранува контакт со други лица

– Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:

– ракавици за еднократна употреба,

– заштитни маски N 95 или FFР 3 со единечен филтер

– нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни наочари и каљачи

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:

– Да спијат во кабините на своите моторни возила.

При враќање во РСМ да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симптоматологија.

За време на патувањето

– После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете

– Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 секунди (особено со лица со симптоми)

– Почесто проветрување на кабината за време на возењето

– При престојот во кабина нема потреба од носење на лична заштитна опрема

– Забрането е примање на слепи патници

– Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето

Се задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.

Како 16-та точка од денешната 20-та седница, е утврдено да се задолжуваат Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, обрасците со Изјавите за самоизолација да ги преведат и на албански јазик.

На оваа своја седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за увоз и извоз на прехранбени производи.

Во информацијата се истакнува дека работната група сочинета од претставници на Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за надворешни работи и Царинската управа предлага да се воведе забрана за извоз на пченица и брашно од пченица кон сите земји за неограничено време, и ги задолжи Министерството за економија, Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство и Царинската управа, да ги преземат сите неопходни активности со цел спроведување на оваа мерка.

Во врска со ова Владата ги задолжи Царинската управа, во соработка со Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство, во наредниот период да го следи трендот на извоз на рафинирано сончогледово масло за јадење, ориз, кондиторски и пекарски производи (тестенини, бисквити и слично) и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Владата донесе препорака за мелничко преработувачката индустрија да ја има во предвид бесцаринската квота за увоз на пченица од земјите-членки на СТО во количина од 80.000 тони.

Како дополнителен заклучок поврзан со информацијата за увоз и извоз на прехранбени производи, Владата ги задолжи Министерството за економија, Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство, и Агенција за стокови резерви, заедно со мелничко преработувачката индустрија да ја утврдат моменталната состојба со залихите на пченица и брашно и за истото да ја информираат Владата.

Министерството за надворешни работи доби задолжение, преку мрежата на дипломатските и конзуларните претставништва на нашата земја да упати инструкцијата со цел обезбедување информации на дневна основа заради следење на воведувањето на евентуалните забрани на увоз и извоз на стоки кон Република Северна Македонија.

Во рамките на оваа точка Пазарниот инспекторат е должен да изврши вонредна контрола на магацините и дистрибутивните центри со цел да ја утврди ситуацијата за можни скриени залихи на основни прехранбени производи и воедно да ја следи ситуацијата од аспект на несоодветно покачување на цените и за истото редовно на секои три дена да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Владата ги задолжи Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за стокови резерви да изработат листа на прехранбени производи кои што би биле предмет на евентуален интервентен увоз во рок од пет дена, а Агенцијата за стокови резерви веднаш да достави листа на стоки кои ги има на залиха со податоци за количина.

Се задолжува Министерството за економија веднаш да достави до Владата на Република Северна Македонија предлог за ослободување 100% од царински давачки за производите брашно од пченица, масло сончогледово, бел шеќер, сапуни, детергенти, облека и прибор за облека, пелени за деца и возрасни, марамчиња, рачни крпи во ролни, маски пластични со текстилен филтер, прекривки текстилни за хируршка употреба, одело хируршко од хартија, маски хартиени, одело заштитно гумено, ракавици гумени, хируршки и останати, одело хируршко текстилно, варикина и останати средства за дезинфекција, асепсол, медицински алкохол, и заштитни наочари.

Владата на Република Северна Македонија на 20-тата седница донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

Оваа одлука влегува со сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, и е усвоена со цел да не се злоупотреби моменталната состојба на пазарот и да се заштитат потрошувачите во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи, предизвикана со прогласувањето на пандемијата од СЗО.

На оваа седница се усвоени и информациите за извршените инспекциски надзори согласно Заклучок на Владата од седницата одржана на 13.3.2020 година, за контрола на спроведувањето на мерките за спречување и превенција од ширење на Корона вирусот од страна на Државниот санитарен инспекторат, од страна Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД), на Државниот пазарен инспекторат, на Државниот инспекторат за транспорт, И на државниот инспекторат за труд.

Прегледот на сите извршени инспекциски контроли, како и за донесените мерки, можете да го најдете во збирните извештаи направени на 15.03.2020 и на 16.03.2020 година.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Се огласи Зоран Заев: Најважното прашање, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ

Фејсбук статус на Зоран Заев, експремиер: #македонски #однасзависи Најважното прашање, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно. Протоколот што би го потпишале македонската Влада и бугарската Влада го објаснува патот за... Прочитај повеќе...

CENTAR дознава – средба на Ковачевски со Села утре во Клуб на пратеници во 11.00. Продолжува широката консултација за европскиот предлог. Прочитај повеќе...

(Фото) Значително помалку граѓани на денешниот протест пред Влада Прочитај повеќе...

Ги живееме најемотивните моменти на поновата македонска историја, време во кое се носат историски одлуки за иднината на државата, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Тој вели дека во овие моменти најважно е да се задржи разумот за да може темелно и објективно да се... Прочитај повеќе...

Фронтлајн: Откако беше вербално нокаутиран од Пендаровски, Димче не може сам, ќе го брани жена му на „ферка“ со Пендаровски

Откако беше вербално нокаутиран од Пендаровски, Димче не може сам, па ќе го брани жена му на „ферка“ со Пендаровски? – прашуваат од Фронтлајн. Претходно излезе со реакција: Ви гарантирам дека избран пратеник во ниту еден европски парламент не пцуе починати родители на друг политичар. Тоа е крајно нечовечки, изјави... Прочитај повеќе...

Фејсбук статус на Зоран Заев, експремиер: #македонски #однасзависи Најважното прашање, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно. Протоколот што би го потпишале македонската Влада и бугарската Влада го објаснува патот за... Прочитај повеќе...

Фејсбук статус на Дарко Каески, портпарол на СДСМ: Дали е точна информацијата објавена на некои медиуми дека: Мицкоски нудел поддршка за францускиот предлог а за возврат да добие амнестија за криминалот со партиското седиште, криминалот со хидроцентралите и делчевските ниви? Дали е точно дека договарал тајна средба со приватен авион... Прочитај повеќе...

Маричиќ: Со францускиот предлог имаме можност да го почнеме преговaрачкиот процес на македонски јазик, признаен од цела Европска Унија

Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ: Досега нашите политики и сите чекори кои сме ги направиле биле стратешки и во интерес на државата и граѓаните. Со францускиот предлог имаме можност да го почнеме преговaрачкиот процес на македонски јазик, признаен од цела Европска Унија. Меѓувладината конференција и скринингот се првите чекори... Прочитај повеќе...

Во чест на 100-годишниот јубилеј, Пивара Скопје, заедно со своите вработени, ја одбележа реализацијата на новите инвестиции во најсовремена опрема и технологија, кои овозможуваат натамошна модернизација на компанијата и го поддржуваат нејзиниот долгорочен одржлив развој. Најновите инвестиции во модернизација на компанијата, вредни 10,7 милиони евра, се во напредна опрема и... Прочитај повеќе...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево... Прочитај повеќе...

Нов силен пад на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата се лизнаа за повеќе од 6 долари за барел во средата поради притисокот на американскиот претседател Џо Бајден да ги намали зголемените трошоци за гориво, вклучително и притисокот врз големите енергетски фирми во земјата да помогнат на граѓаните за време на врвот на летната потрошувачка. Утринава фјучерсите на американска сирова нафта Вест […] The post Нов силен пад на нафтата на светските берзи appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Добра вест: Јунската пензија ќе се исплаќа предвреме – еве од кога

На денешната седница беше усвоена и Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година, со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.6.2022 година. Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските […] The post Добра вест: Јунската пензија ќе се исплаќа предвреме – еве од кога appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Денеска нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денес треба да ги утврди новите цени на горивата. Според светските берзи нафтата во моментов се продава за 114 долари по барел од типот брент. Според последните корекции во моментов цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111.5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се точи за 113,5, додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се […] The post Денеска нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Преку ноќ се случи силен пад на цените на нафтата на светските берзи, биткоинот уште повеќе тоне

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 113 долари, што е значителен пад во однос на претходните денови кога цената беше 121 долар за барел. Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Цената на биткоинот денеска падна на 18.303 долари, за прв пат од декември 2020 година. Цената на пченицата од утрово е […] The post Преку ноќ се случи силен пад на цените на нафтата на светските берзи, биткоинот уште повеќе тоне appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Поскапува дизелот за два денари по литар, сега ќе изнесува 109,5 денари

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 денари за литар, а на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111.5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 109,5 денари. Цената […] The post Поскапува дизелот за два денари по литар, сега ќе изнесува 109,5 денари appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МИТОВИ ЗА СЛАБЕЊЕТО – Теориите за слабеење се едно, а практиката е сосема друго

Слабеењето е честа тема за која се пишува многу и може да се изгубиме во сите тие теории. И покрај се што знаеме за оваа тема, се чини дека сепак веруваме во митови кои се далеку од вистината. Ќе се обидеме да ви ги објасниме четирите најчести митови и да ја претставиме вистината и со... Прочитај повеќе Чланак МИТОВИ ЗА СЛАБЕЊЕТО – Теориите за слабеење се едно, а практиката е сосема друго се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Три хороскопски знаци кои се плашат од љубовни врски

Некои луѓе се плашат од партнерства и не сакаат да влезат во трајна врска, а причините за тоа можат да бидат различни и да се движат од желба да не бидат повредени до несакање да се откажат од својата слобода. Сепак, некои хороскопски знаци се повеќе склони кон такво однесување од другите. Стрелец Стрелците се... Прочитај повеќе Чланак Три хороскопски знаци кои се плашат од љубовни врски се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Совршено јадење за викенд: Најмеки и највкусни кифлички со свежо сирење

Одлична идеја за јадење за време на викендите. Со едноставни намирници и малку ангажман, сè уште не сте го пробале. Вие и вашето семејство ќе уживате во овие кифлички. Состојки за тесто: 250 гр мазно брашно 3 лажички прашок за пециво 125 гр урда 50 мл млеко 50 мл масло 1 лажица сол 1 белка... Прочитај повеќе Чланак Совршено јадење за викенд: Најмеки и највкусни кифлички со свежо сирење се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Начинот на кој се тушираш е прв знак КАКВА СИ ВО КРЕВЕТ

Делот од телото што прво го миете при туширање наводно кажува многу за тоа какви сте во кревет. Ако не сте сигурни или не се осмелувате да го прашате партнерот за вашите сексуални вештини, сега можете да проверите. Градите Ако прво го измиете овој дел од телото, вие сте практична и многу директна личност. Удобноста... Прочитај повеќе Чланак Начинот на кој се тушираш е прв знак КАКВА СИ ВО КРЕВЕТ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ЅВЕЗДА НА МНОГУ ДИЕТИ – Пиперката е полна со витамин Ц, многу е хранлива и ви помага брзо да ги видите првите резултати

Ригорозните диети и режими можат да бидат исцрпувачки, ризични за здравјето, но и да даваат само краткорочни резултати кога станува збор за слабеење. нутриционистите советуваат урамнотежена и разновидна исхрана со многу свежо овошје и зеленчук, а еден зеленчук е ѕвезда на многу диети. Тоа е пиперка! Зеленчук кој содржи висока содржина на вода, но и... Прочитај повеќе Чланак ЅВЕЗДА НА МНОГУ ДИЕТИ – Пиперката е полна со витамин Ц, многу е хранлива и ви помага брзо да ги видите првите резултати се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...