Вечерва времето ќе се поремети, а еве што ќе се случува од утре

Денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до силен ветер од југозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен во западните делови вклучувајќи го и Охридскиот регион (над 80 км/час).

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.

Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни. На повисоките планини ќе има и врнежи од снег.

Утре особено во утинските часови ќе има поинтензивни врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи (локално околу 30л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува засилен ветер претежно од западен правец (над 70 км/час), а дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени.

Во почетокот на наредната работна недела ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.