Вежба од 4 минути која ќе ве импресионира за само еден месец
Можеби звучи премногу добро за да биде вистинито, но прочитајте и ќе дознаете точно за што се работи.
Можете да бидете во форма со само 4 минути вежби дневно. Тоа можете да го направите со едноставната вежба – Plank. Меѓутоа, ако сакате сјајно тело, морате да пронајдете сила за секој ден да ја правите оваа вежба.
Доколку сте стрпливи 4 недели, ќе бидете импресионирани од резултатите. Првиот ден ќе морате да останете во позицијата како на сликата 20 секунди.
Ден по ден, полека зголемувајте ја издржливоста сè додека не стигнете 4 минути време. Само следете го планот кој ќе ви го претставиме во продолжение.
Ден 1 – 20 секунди / Ден 2 – 20 секунди / Ден 3 – 30 секунди / Ден 4 – 30 секунди / Ден 5 – 40 секунди / Ден 6 – Одмор / Ден 7 – 45 секунди / Ден 8 – 45 секунди / Ден 9 – 60 секунди / Ден 10 – 60 секунди / Ден 11 – 60 секунди / Ден 12 – 90 секунди
Ден 13 – Одмор / Ден 14 – 90 секунди / Ден 15 – 90 секунди / Ден 16 – 120 секунди / Ден 17 – 120 секунди / Ден 18 – 150 секунди / Ден 19 – Одмор / Ден 20 – 150 секунди / Ден 21 – 150 секунди / Ден 22 – 180 секунди / Ден 23 – 180 секунди / Ден 24 – 210 секунди / Ден 25 – Одмор / Ден 26 – 210 секунди / Ден 27 – 240 секунди / Ден 28 – онолку колку што можете!
Како да ја правите оваа вежба?
Пред да почнете со вежби, мора да бидете сигурни дека сте ја одбрале правилната положба. Еве како би требало да го направите тоа.
Само поставете ги своите раце во правилна положба. Колената би требало да бидат рамно под рамењата. Вашиот грб би требало да остане рамен. Избегнувајте заокружување и прекумерен притисок на вратот и грбот. Држете ги нозете малку раздвоени и уверете се дека вашето дишење е правилно. И тоа е тоа!