ВИДЕО: Како “Модерно Скопје” станува “Депонија Скопје”

На територија на општина Ѓорче Петров во Орман, во околината на реката Лепенец се создава нова депонија со секаков вид на отпад.

Според видеото на Градска.мк, општинскиот камион со ангажирани општински работници секој ден собира градежен шут, но и друг отпад и го пренесува токму на оваа нова депонија во Орман.

Градоначалникот Александар Стојковски неодамна ја укина телефонската линија преку која граѓаните можеа да пријават дека имаат градежен шут за подигање, па така сега уште поголем неред се прави бидејќи сите го оставаат шутот до контејнерите, а општината го собира, но очигледно го носи токму на новата депонија.

Стојковски во предизборната кампања на локалните избори ветуваше чиста животна средина и отстранување на депониите, заедно со кандидатката на ВМРО- ДПМНЕ, скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна “Програма за модерно Скопје” во 2021 година која пред граѓаните се обврза дека ќе ги исчисти сите диви депонии во првите 82 дена од нејзиниот мандат.

“Дивите депонии се сериозна закана за животот на скопјани и голем проблем со кој се соочуваме со години. Затоа, за чист воздух над Скопје, за обезбедување чист воздух за сите нас, поставивме приоритет – чистење на сите депонии во градот и во околината на Скопје во првите 82 дена од мандатот. Со решителност, со работа и непоколебливост ќе се избориме за тоа што ни е неопходно, чист воздух и животна средина“, стои на страница 15 од „Програмата за модерно Скопје“ на Арсовска.

Ѓубрето во кое се дави Градот покажува дека не само што не се најде решение за старите депонии, туку и не се прави ништо да се спречи создавањето на нови кои секојдневно никнуваат.

“ Јас, за два месеци колку што сум надвор во секое населено место успеав да видам над стотина диви депонии, големи диви депонии коишто не само што согоруваат отпад туку согоруваат и опасен отпад, да ги детектирам, да ги фотографирам, да ги мапирам не само како индивидуа туку и со граѓаните на сите овие населени места. И верувајте ми не случајно ставив дека во првите 82 дена од својот мандат ќе бидат овие диви депонии расчистени“ изјави Арсовска во 2021 додека зад неа на предизборните митинзи стоеја најголем дел од денешните скопски градоначалници меѓу кои и градоначалникот на Ѓорче Петров, Стојковски.

Покрај ветувањето за чисти и модерни општини се најавуваа и сериони казни за лицата кои што ја загрозуваат животната средина.

Одговорност засега нема.

А што велат Законите, какви се казните?

Законот за заштита на животната средина, Законот за управување со отпад и Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат депониите, ги определуваат основните стандарди што треба да ги исполнува една депонија, во кои влегуваат местоположбата, заштита на почвата и на водата од загадување, контрола на депонискиот гас и намалување на опасностите кои произлегуваат од самата депонија.

За отстранување на депониите е надлежна локалната самоуправа, со тоа што Министерството за животна средина и просторно планирање на барање на општините секоја година издвојува одредена сума за чистење на овие депонии.

Членот 144 од Законот за управување со отпад ги обврува градоначалниците на општините и градоначалникот на Град Скопје во рок од една година по усвојување на законот да ги затворат и рекултивираат сите диви депонии, а општинските инспектори за животна средина според членот 129 треба да вршат увид и контрола дали отпадот е исфрлен, оставен, спален, напуштен или отстранет на начин спротивен на законот. Доколку се утврди непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, овластените инспректори треба да издадат усна наредба за итно отстранување на утврдените недостатоци кои записнички ги констатираат во соработка со Државниот-санитарно здравствен инспекторат.

Исто така тие треба да го известат Државниот инспекторат за животна средина и другите надлежни инспектори или државни органи за утврдените неправилности и да побараат нивна интервенција.

Обврската за увид и контрола дали отпадот е исфрлен, оставен, спален, напуштен или отстранет на начин спротивен на овој закон, генерално е под надлежност на градоначалникот на општините и градоначалникот на Град Скопје.

Идејата за модерно Скопје со модерни општини, денес е нешто што е далеку од сите нас.

Екологијата е ставена на некоја споредна страна зад патиските препукувања и интереси, зад градежната офанзива и урбаната мафија, зад секојдневото разрешување и именување на директори. Таа не во интерес на никој и веројатно нема да биде до некои следни предизборни ветувања.

Останува на граѓаните веројатно сами да се изборат за правото на чиста животна средина.

Дивите депонии не се само кршење на законите туку и кршење на основните права на човекот за чиста животна средина. Ова приказна е само една од многуте приказни како овие права се кршат. Останува да се види дали сторитлите ќе бидат санкционирани.

Г.Р

извор Градска

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Прекината потрага: МВР со итно соопштение во врска со исчезнувањето на малата Данка

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение во врска со потрагата по исчезнатото девојче од Бор. Припадниците на МВР по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси со оглед на тоа што сите Прочитај повеќе...

Пензионери подгответе се: Познат е датумот на исплата на пензиите, а еве и по колку денари ќе бидат покачени

Пензијата ќе биде исплатена во понеделник на први април 2024 година. Овој пат истата ќе биде покачена за нешто повеќе од 5%. Со новото покачување оние кои земаат најниски пензии до 20.000 денари / месечно ќе можат да очекуваат повеќе од шесто до осумстотини денари на месечно ниво, оние кои Прочитај повеќе...

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува: ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект “Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, Прочитај повеќе...

Драстични промени со времето: Прилично силно невреме, па жешко време со температури над 28 степени! Метеоцентар објави детална прогноза до крајот на неделата

Денес кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Денес и утре ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Утре попладне облачноста ќе се намали Прочитај повеќе...

Дневен хороскоп за 28-март 2024

Овен (21 март – 19 април): Денес, Овен, може да се чувствувате како да жонглирате со запалени мечеви додека возите моноцикл низ ураган. Но, не плашете се! Вашата природна еластичност и приспособливост ќе ве видат низ сите предизвици што ќе ви се појават. Прегрнете го хаосот и не заборавајте да Прочитај повеќе...

Пензионери подгответе се: Познат е датумот на исплата на пензиите, а еве и по колку денари ќе бидат покачени

Пензијата ќе биде исплатена во понеделник на први април 2024 година. Овој пат истата ќе биде покачена за нешто повеќе од 5%. Со новото покачување оние кои земаат најниски пензии до 20.000 денари / месечно ќе можат да очекуваат повеќе од шесто до осумстотини денари на месечно ниво, оние кои досега земале пензија над 20.000 […] Прочитај повеќе...

Али Ахмети од Гостивар: Европскиот фронт е апсолутен победник на изборите

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Гостивар одржа прес-конференција на која го потпиша коалицискиот договор за Европскиот фронт со претседателот на Турската демократска партија, Бејџан Иљаз. Овој фронт нема да биде за еднократна употреба само за претседателски и локални избори, овој фронт ќе биде долготраен, затоа што интересите се заеднички, не можеме да ги […] Прочитај повеќе...

Маричиќ: Обединетоста на регионот на југоисточна Европа значи забрзана интеграција на земјите кандидати на патот кон унијата

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ беше домаќин на министерскиот состанок на министри за европски прашања учесници во процесот за соработка во Југоисточна Европа во рамки на претседавањето со ПСЈИЕ 2023-2024. По состанокот на кој се усвојуваше заедничката изјава со која учесниците на Процесот за соработка на југоисточна Европа кои […] Прочитај повеќе...

Тунева: Моја оценка е дека медиумите генерално се држат до професионалните стандарди

Моја оценка е дека медиумите, зборувам за повлијателните редакции, генерално се држат до професионалните стандарди. Секако, одвреме, навреме, кај секој од нив може да се забележат и некои отстапувања како од некои професионални репери, така и од некои етички постулати. Ова посебно во време на избори кога медиумите се често под силни влијанија на одредени […] Прочитај повеќе...

Турската демократска партија (ТДП) се приклучува на Европскиот фронт/Ахмети: Овој сојуз е историски!

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на Аријан Хоџа, денеска во Гостивар, претседателот на ДУИ Али Ахмети одржа прес-конференција на која се потпишаа договор за коалиција со Бејџан Иљаз, претседател на Турската демократска партија (ТДП). „Охридскиот договор има потреба од сите политички […] Прочитај повеќе...

Прва регионална конференција на сметководители и овластени сметководители: Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи

Во организација на ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители, утре (28 март 2024) во Скопје ќе се одржи регионалната конференција: „Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи“. Ова е прва конференција од ваков формат што се одржува во нашата земја. На конференцијата, која ќе се одвива... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Во Црна Гора започна акцијата „Ограничена цена“ на повеќе од 500 производи

Во Црна Гора започнува кампањата за намалување на маржите на производите од посебно значење за животот и здравјето на луѓето. Од денеска во супермаркетите можете да најдете повеќе од 500 артикли со црвена ознака „ограничена цена“. Акцијата за намалување на маржата ќе трае до 31 мај. Во продавниците на големо,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Повеќе од 7 милиони производи повлечени од продажба

Американскиот малопродажен и технолошки гигант Амазон повлече повеќе од седум милиони фалсификувани производи од продажба во 2023 година, според извештајот објавен во вторникот. Во 2020 година, компанијата формираше оддел за борба против фалсификување, кој досега има поднесено тужби и кривични пријави против повеќе од 21.000 правни и физички лица одговорни... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Пензионери очекувајте пензии! Датумот на исплатата е познат, а еве и колку ќе бидат покачени

Пензијата ќе биде исплатена во понеделник на први април 2024 година. Овој пат истата ќе биде покачена за нешто повеќе од 5%. Некои од банките пензијата традиционално ја исплаќаат и неколку денови пред редовниот рок. За тоа колку покачување во денари тоа значи за пензионерите прочитајте тука. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Позната компанија укинува 2.000 работни места

Германскиот Водафон објави дека укинува или преместува околу 2.000 работни места, обидувајќи се да заштеди 400 милиони евра во следните две години. Водафон во Германија сега вработува околу 15.000 луѓе. Со други зборови, програмата може да влијае приближно на секој осми вработен. Дополнително, компанијата има намера да ги намали материјалните... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЖЕНИТЕ ВО ПРЕДНОСТ: Научниците открија максимален број години колку луѓето можат да живеат

Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас. Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години. Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат на ергенски и момински забави

Жените често се повозбудени од мажите за денот на нивната венчавка. Тие му придаваат важност на секој детал, дури и на чиновите што доаѓаат пред самиот ден на свадбата. При нивното организирање се одлучува дали тоа ќе биде помирна опција или на пример одење во клуб, изнајмување простор и слично, а често на овие прослави... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Четири хороскопски знаци кои ќе пливаат во пари овој март!

Еве четири хороскопски знаци со оптимистички финансиски изгледи за март 2024 година: Бик: Поединците Бик може да најдат профитабилни можности во стабилни инвестиции или потфати со недвижнини во текот на март 2024 година. Нивната практична природа и решителност може да доведат до значителни финансиски придобивки. Лав: Лавовите може силно да блеснат во нивните кариери во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...