(ВИДЕО) Крстиновска за Цивил Медиа: Нашата демократија не е совршена, но треба да ја унапредуваме, а не да размислуваме за алтернативен систем што ни го нудат Кина или Русија

Кина има долга традиција на пропаганда, пред се наменета за домашна употреба, во текот на последните 10 години гледаме екстензија на истите тактики и стратегии кон надвор. Кинеската пропаганда во голема мера е насочена кон претставување во позитивно светло на сите кинески достигнувања, пред сè на економски план, и на технолошки план. Се разбира тука нема ништо спорно, но паралелно, Кина работи на цензурање и елиминирање на сите видови критика што се поврзани со кинеската држава, кинеската комунистичка партија, вели Ана Крстиновска од Естима, синолог и врвен познавач на приликите во кинеското општество и начините на кои делува кинеската пропаганда во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА во рамки на проектот „Ослободи го умот“ посветено на справувањето со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во нашата земја и во светот.

Она што го гледаме ние е една идеализирана слика за тоа што прави Кина дома и во светот, и токму поради тоа зборуваме за пропаганда, потенцира Крстиновска.

За разликите помеѓу руската и кинеската пропаганда, Крстиновска смета дека Русија користи многу повеќе дезинформации, а целта и е да се прикаже западот како исто толку негативен како што е Русија, додека Кина сака да го претстави својот развоен модел како алтернатива на западниот развоен модел, вклучително и својот политички модел, авторитарен еднопартиски систем како алтернатива на западните демократски вредности.

Според неа, влијанието на Кина врз регионот најмногу се гледа во соработката на Кина со Србија.

Србија е единствената држава во регионот која активно соработува со Кина во областа на одбраната и безбедноста, исто и новиот договор за слободна трговија што го потпишаа има посебна глава со кој ќе се интензивира набавката меѓу Кина и Србија, вели Крстиновска.

На прашањето за влијанието на Кина во регионот преку организацијата Брикс, како една од водечките членки и нејзин основач, кој од страна на противниците на ЕУ и НАТО се заговара како алтератива добра за Македонија, Крстиновск вели:

Мислам дека кај нас недостига дебата за тоа што е Брикс, што е Кина, какво е кинеското општество, и малку лекомислено се користат различни термини ои што ги нуди Кина, како на пример мултиполарно општество, или мултиполарен свет, треба да имаме предвид дека Брикс, барем првите 5 држави основачи се релативно моќни, регионални сили, и самиот концепт на мултиполарност подразбира дека овие регионални сили си имаат свои зони на влијанија, она што нас, како држава со помалце од 2 милиона жители би требало да не интересира е мултилатерален систем, заснован на правила, бидејќи во мултиоларен систем, големите и моќни држави ги договараат правилата меѓу себе, и тоа не ретко може да биде на штета на помалите држави. Ваквите појави би можело да се превенираат преку мултилатерално делување, каде што и малите држави би имале свои глас. Во моментов, понудата за Брикс не вклучува такво нешто, и не вклучува некоја солидна алтернатива на мултилатералните организации кои што ги имаме, смета Крстиновска и додава:

Нашата демократија не е совршена, треба да ја унапредуваме во насока на подобра демократија, а не да размислуваме за некој алтернативен систем кој што ни го нудат Кина или Русија.

Во интервјуто, Крстиновска се осврна и на апликацијата ТикТок, како една од битните алатки на кинеската пропаганда, потенцирајќи дека со ТикТок ризикот е поголем, бидејќи целната публика е пред се помлади луѓе, адолесценти, тинејџери, истовремено, факт е дека ТикТок е во сопственост на кинеска компанија, и тоа дополнително ја отежнува таа глобална соработка за заштита од дезинформации на светско ниво.

Таа посочи и на тоа дека социјалните мрежи кои што се користат кај нас, Фејсбук, Инстаграм, Твитер не се достапни во Кина, како што не се достапни и некои алатките за комуникација, како Вибер, Вац ап.

Кинезите имаат свои мрежи за комуникација и социјални медиуми кои што се кинеско производсто и подлоежат на строга цензура, и таму има огромен тим, не се знае колку илјадници луѓе работат на проверка на содржините кои се објавуваат, вели Крстиновска. Тоа на Кина и овозможува од една страна да ги пласира своите информации, својата верзија на настаните, а од друга страна да го ограничува влезот на информации од странство во Кина.

Според неа, Кина е недоволно застапена во нашиот медиумски простор и постои недоволен интерес за аналитички содржини.

Ние имаме на сите дневни вести имаме минимален интервал на меѓународни односи, и тоа е фактографско пренесување, меѓутоа немаме доволно аналитички содржини, како тоа што го прави Кина влијае врз војната во Украина, врз конфликтот на Блискиот исток, како влијаат кинеските инвестиции во нашата држава, како кина соработува со различни чинители, тоа во моментов е недоволно предмет на интерес кај новинарите, и ако тие недоволно пласираат содржини во врска со тоа, тогаш немаме информирана јавна дебата и е потешко за граѓаните да изградат свој став штое добро а што не е добро, свое мислење за Кина, за соработката со Кина, смета Крстиновска.

На прашањето за улогата на кинеската амбасада во ширењето на кинеската пропаганда кај нас, таа вели:

Кинеските амбасади во целиот свет, не само кај нас, добија насока да го Користат Фејсбук како алатка во 2019 година. Она што е имтересно во начинот на кој го користат Фејсбук е комбинацијата на она што се вика фасилитативна и убедителна комуникација. На почетокот имаат тенденции да пласираат содржини поврзани со кинескиот економски развој, со футуристички градови, со слатки панди кои Кина ги донира насекаде низ светот, меѓутоа, тоа има за цел да се обезбеди соодветен број на следбеници, за во некој момент, кога има потреба, може да се пласираат убедителни содржини, насочени кон постигнување на одредена цел на кинеската влада или кинеската комунистичка партија, тоа го видовме особено во периодот на Ковид, во тој момент Фејсбук стана моќна алатка во пласирање токму на такви информации од страна на кинеските ентитети.

Извор: Civilmedia.mk

 

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Бојмацалиев за ТВ21: МВР не потфрли во нарачката на обрасци, капацитетите на МВР покажаа услуга кон 170.000 граѓани во декември и јануари

Во вестите на ТВ21 дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за најавената истрага во врска со обрасците за патни исправи во процесот на промена на лични документи на граѓаните. „Истрагата е побарана од новиот технички министер Панче Тошковски. Можам да потврдам дека не се работи за Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Не се работи за никаква саботажа во МВР, пристигнуваат обрасците за пасоши кои ќе ги задоволат потребите на граѓаните

„Не се работи за никаква саботажа во Министерството за внатрешни работи. На самиот ден на примопредавање на функцијата во МВР пристигнаа 50.000 пасоши, минатата недела пристигнаа уште 20.000 пасоши, во четврток или петок треба да добиеме некоја бројка од 100.000 пасоши и наредната недела уште 120.000 пасоши. Со тие обрасци Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Нигде во дописот на Европската Унија не се вели дека граѓаните може да патуваат со пасоши со старото име на државата

„Нигде во дописот на Европската Унија се вели дека граѓаните може да патуваат. Таму пишува дека треба да се изнајде решение, а во моментов сите земји членки да одлучуваат самостојно, бидејќи Република Грција ги има известено, а од нас нема никакво известување. И има прашање до нас, уште колку време Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Препознаено е уште едно лице од инцидентот во кој  полицаец нападна друг колега полицаец во скопски локал

„Во истрагата која е водена од страна на внатрешна контрола и службените белешки од вечерта на инцидентот, две службени лица одбиле да постапат по наредба, односно не сакале да го приведат лицето кое ги нападнало и по истите ќе започне дисциплинска постапка. На снимките од инцидентот е препознаено уште едно Прочитај повеќе...

Времето се менува – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот наместа засилен ветер од јужен правец. Повремени врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Прогноза за 23.02.2024 Минимална температура: 1°C до 7°C Максимална температура: 12°C до 18°C Сончево Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Нигде во дописот на Европската Унија не се вели дека граѓаните може да патуваат со пасоши со старото име на државата

„Нигде во дописот на Европската Унија се вели дека граѓаните може да патуваат. Таму пишува дека треба да се изнајде решение, а во моментов сите земји членки да одлучуваат самостојно, бидејќи Република Грција ги има известено, а од нас нема никакво известување. И има прашање до нас, уште колку време ни е потребно за промена […] Прочитај повеќе...

Бојмацалиев за ТВ21: МВР не потфрли во нарачката на обрасци, капацитетите на МВР покажаа услуга кон 170.000 граѓани во декември и јануари

Во вестите на ТВ21 дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за најавената истрага во врска со обрасците за патни исправи во процесот на промена на лични документи на граѓаните. „Истрагата е побарана од новиот технички министер Панче Тошковски. Можам да потврдам дека не се работи за никаква саботажа во МВР и […] Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Не се работи за никаква саботажа во МВР, пристигнуваат обрасците за пасоши кои ќе ги задоволат потребите на граѓаните

„Не се работи за никаква саботажа во Министерството за внатрешни работи. На самиот ден на примопредавање на функцијата во МВР пристигнаа 50.000 пасоши, минатата недела пристигнаа уште 20.000 пасоши, во четврток или петок треба да добиеме некоја бројка од 100.000 пасоши и наредната недела уште 120.000 пасоши. Со тие обрасци кои стигнаа и овие кои […] Прочитај повеќе...

Бојмацалиев: Препознаено е уште едно лице од инцидентот во кој  полицаец нападна друг колега полицаец во скопски локал

„Во истрагата која е водена од страна на внатрешна контрола и службените белешки од вечерта на инцидентот, две службени лица одбиле да постапат по наредба, односно не сакале да го приведат лицето кое ги нападнало и по истите ќе започне дисциплинска постапка. На снимките од инцидентот е препознаено уште едно лице кое е во друштво […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Го враќаме симболот на Скопје – Универзалната сала, објектот треба да биде готов за три години

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги најави градежните активности за реконструкција и адаптација на Универзалната сала, откако Министерството за култура со Договор ги презеде правата од Град Скопје. „Ние знаеме што значи развојот на културата, а тој не е можен без овој мултифункционален објект. Оваа сала припаѓа на сите – на уметниците, на културните […] Прочитај повеќе...

Ја надминаа кризата: Европејците трошат се помалку гас

Потрошувачката на природен гас во Европа падна на најниско ниво во последните десет години во 2023 година. Ова го објави Американскиот институт за енергетска економија и финансиска анализа (IEEFA) во нов извештај. За две години од почетокот на војната во Украина, европската побарувачка за гас е намалена за 20 отсто... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Курсна листа за 22 февруари 2024

Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 21.02.2024 која се применува од 00:00 часот на 22.02.2024 година до почетокот на важење на новата Курсна листа. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Бахамите, Сејшелите, Белизе и двата острови на Карибите повеќе не се даночни оази за ЕУ

Членките на ЕУ ја ажурираа европската црна листа на даночни раеви. Од него се повлекоа Бахамите, Сејшелите, Белизе и карипските острови Туркс и Кајкос. Списокот сега вклучува 12 јурисдикции, објавија Советот на ЕУ и Европската комисија. Црната листа на даночни раеви беше формирана од Унијата во декември 2017 година за... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Во јануари: Годишен раст од 10,0% на вкупните депозити и од 5,7% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,0%, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 5,7%, којшто се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Народната банка и ЕИБ ќе соработуваат за поддршка на зелените финансии

Народната банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ), денеска, потпишаа Договор за соработка, со кој се обезбедува поддршка на напорите на Народната банка во сферата на зелените финансии. Договорот беше потпишан од страна на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и претставникот на ЕИБ во земјава, Бјорн Габриел, додека на средбата присуствуваше амбасадорот на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...