ВИДЕО: Патиштата во иднина ќе се прават од пластика

На светот постојат 40 милиони километри патишта, за чија изградба досега се потрошени стотици милиони канти нафта, односно, битумен кој се користи за производство на асфалт.

Инжинерите со години биле во потрага по решение, со кое би го намалиле загадувањето во светот, но и со кое би ги исполниле потребите на модерното доба.

Во таквата потрага, Тоби МекКартни, инжинер од Шкотска, дошол на идеја да направи асфалтна маса од пластика, со која воедно би го решил натрупувањето на пластичен отпад и загадувањето на околината.

Својот изум прво го испробал асфалтирајќи го патот до својата куќа, но и две општини во Англија веќе започнале да градат патишта користејќи го неговиот изум.