ВИДЕО РЕЦЕПТ за најмеките кифли со јогурт

Меки кифлички кои се топат во уста, а такви остануваат и наредниот ден. Полнете ги по желба, но и празни се преубаави…

Состојки: 1,2 кг брашно; 2 дл млако млеко; 4 дл јогурт; 40 гр квасец; 2 дл масло; 1 лажица шеќер; 2 лажички сол; 200 гр маргарин; 3 јајца (2 жолчки за тестото, цело јајце за премачкување); 200 гр ситно сирење; 100 гр фета сирење

Начин на подготовка:

Прво ставете го квасецот да надојде, измешајте го со половина децилитар млако млеко, 1 лажица шеќер, 2 лажици брашно.

Во вангла измешајте брашно, сол, додајте го надојдениот квасец, масло, јогурт, млеко и замесете меко тесто. Оставете покриено да стои околу 30 минути.

Поделете го на 4 дела и секој развлечете го во круг, исечете 16 делови, ставете фил, па свиткајте кифлички.

За филот измешајте ситно сирење, фета, белки и малку сол.

Редете ги кифлите на со маргарин намастен плех, премачкајте со разматено јајце и на секоја кифла ставете коцкичка маргарин. Оставете ги околу 10 минути да отстојат додека рерната се загрева на 200 степени и печете додека не поруменат.

Добар апетит!