ВИДЕО: Што се случува со вашиот мозок кога ќе испиете шолја кафе?

Иако многумина мислат како без својата прва шолја кафе не можат правилно да го започнат денот, науката има нешто поинакво тврдење. Имено, кога и да сме будни, хемикалијата наречена аденозин, полека се насобира во нашиот мозок. Потоа, таа се спојува со одредени рецептори внатре во него како и тие меѓусебно ја успоруваат неговата активност.

Така, што поголема количина аденозин во нашиот мозок, тоа поуморно се чувствуваме. Тоа е логично објаснување кога знаеме дека долга несоница создава поголем умор во организмот.

Кога ќе потонеме во сон, количината на аденозин во мозокот опаѓа, по што постепено се зголемува будноста.

Научниците откриле како хемикалиите аденозин и кафето всушност се слични во својата хемиска структура. Кога ќе испиеме шолја кафе, кофеинот внатре се спојува со аденозинот поради што ефектот на поспаност, нашиот мозок повеќе не го чувствува.

Таквата реакција на мозокот е одлична за лицата кои се чувствуваат уморно, а тоа не го сакаат. Но, кога земаме премногу кофеин во краток интервал, кај нашиот мозок се создава уште повеќе аденозин и одеднаш се наоѓаме во маѓепсан круг, во кој повторно почнува да ни се спие.