Викендов не очекува вистинска пролет, а од понеделник промена која нема да ви се допадне

Времето денеска ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 11 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.

До недела времето ќе биде стабилно и суво. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд и појава на грмежи.