Владата донесе важни одлуки – еве за што се работи

Од 63 седница на Владата на РМ: Се преиспитуваат индициите за некомплетирана документација за концесијата за Иловица;

Ќе се потпише меморандум за заеднички настап на пазарот на струја со Бугарија за поконкурентни цени; Препорачани се помали камати за новата кредитна линија на МБПР; Нови иницијативи за намалување на трошоците за лекување во странство

Во продолжение интегрален текст од соопштението на Владата:

Владата на Република Македонија на денешната редовна 63 седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Бугарија во областа на енергетиката, за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија, и го прифати усогласениот текст на овој меморандум.

Една од целите на оваа иницијатива е нашата земја да се приклучи на внатрешниот пазар на електрична енергија во југоисточна Европа, со цел на учесниците на пазарот да им се понудат нови деловни можности и прекугранична трговија за постигнување на ефикасност, конкурентни цени и повисоки стандарди за услуги.

На седницата е констатирано дека овој меморандум, кој овозможува поволни околности, е резултат на либерализацијата што се обезбедува со новите законски решенија за енергетика, како и на поволната клима на пријателство и меѓусебна поддршка која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Владата на оваа седница го задолжи Министерството за економија да ја продолжи постапката со која од концесионерот „Еуромакс“, за експлоатација на минерални суровини бакар и злато на локалитетот Иловица, се бара комплетирање на документацијата. За оваа своја иницијатива Владата се повикува на известувањето на Министерството за економија од 2016 година до „Еуромакс“ во кое се бара од концесионерот, до одреден период, да ја комплетира документацијата како обврска од договорот за концесија, и го информира дека, меѓу другото, не се доставени доказ за решени имотно правни односи во делот на земјиштето на кое ќе се врши експлоатацијата, како и решението за одобрување на студијата за оцена на влијанието на животната средина, а направени се и други повреди на договорот.

Согласно договорот за концесија, неподнесувањето на само овие два документа се доволни за да отпочне постапката за преиспитување на почитувањето на договорот, и затоа Владата на РМ на денешната седница го задолжи Министерството за економија во рок од 7 дена да достави информација дали во меѓувреме е комплетирана документацијата, по што ќе биде донесен соодветен заклучок.

На денешната седница е разгледана и усвоена информацијата во врска со потребата од обезбедување на дополнителни 100 милиони евра средства за нова, петта кредитна линија од Европската инвестициска банка за финансирање на мали и средни претпријатија, со укажување на Македонската банка за поддршка на развојот во преговорите со комерцијалните банки да се заложи цената на каматата да не надмине 3,2% за крајните корисници.

На оваа своја 63 седница, Владата го разгледа Извештајот за извршената конечна финансиска ревизија на Универзитетската клиника за неврологија за 2016 година, а Министерството за здравство информираше дека истиот е препратен и до Финансиската полиција со цел да се утврди дали е потребна постапка по основ на одредени наоди од Извештајот.

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, и го задолжи Министерството за внатрешни работи да формира работна група која ќе ја раководи претставникот од Министерството за внатрешни работи и во која ќе бидат вклучени и по еден претставник од Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за одбрана, Министерството за правда, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЗЕЛС.

Работната група е задолжена во рок од 60 дена да подготви и до Владата на Република Македонија да достави анализа за поставеноста и дејстувањето на целокупниот систем за кризи, имплементацијата на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи и да предложи насоки за реформирање на овој систем користејќи и компаративни искуства.

На денешната седница, Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави и Министерството за образование и наука на Република Македонија за Фулбрајт програмата за академска размена.

Целта на овој Меморандум за разбирање е да се зајакнат и развијат врските меѓу учесниците во процесот на спроведување на програмата Фулбрајт за академска размена во областа на образованието, науката и истражувањето врз основа на околности што носат бенефиции за двете страни.

Владата на оваа своја седница ја разгледа информацијата за Повикот за свикување на Собрание на Македонски Телеком АД – Скопје, закажано на 16.04.2018, и донесе заклучоци за точките од дневниот ред на седницата на Собранието на акционерското друштво Македонски Телеком.

На предлог на Министерството за здравство, Владата го утврди текстот на предлог-одлуките за започнување на постапка за доделување на лиценци за вршење здравствена дејност земање и пресадување на клетки од човечкото тело заради лекување-хематопоетски матични клетки, за лекување срце, за лекување панкреас, заради лекување очни ткива, за лекување црн дроб, бубрези и бели дробови.

Со оваа иницијатива ќе се остварат повеќе цели на Министерство за здравство како што е обезбедување на соодветен вид и обем на здравствени услуги во зависност од потребите на населението, намалување на трошоците за користење на здравствените услуги на осигурените лица во странство од областа на трансплантацијата за лекување во странство, обезбедување на географска достапност на здравствените услуги, обезбедување на подобри здравствени капацитети за вршење на здравствени услуги и обезбедување на континуирана и квалитетна здравствена заштита.

На денешната 63-та седница Владата ја отпочна постапката за формирање работна група за утврдување на програма за одбележување јубилеј 1000 години од формирање на Охридска Архиепископија, на предлог на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи.

Владата денеска разгледа и донесе повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовни активности како што се „COMBINED RESOLVE-X“, во Сојузна Република Германија, „BGR-MKD SOF JCET 18“, во Република Бугарија, „BGR-MKD SOF JCET 18“, во Република Бугарија, „EAGLE-VI, во Република Косово, и на вежбовната активност „ADRIATIC STRIKE 2018“, во Република Словенија.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар (ФОТО)

Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на... Прочитај повеќе...

МВР ГИ ПРОНАЈДЕ ИСЧЕЗНАТИТЕ ДЕЦА – Тие ќе бидат однесени дома? (ФОТО)

Полицијата ги пронашла двете деца кои се одалечија од своите домови изминатите денови. На социјалните мрежи кружи информација “МВР ги нашла децата! Родителите ќе си ги земат од станица! Браво 👏🏻👏🏻👏🏻👏🏻👏🏻👏🏻👏🏻 ” при што е објавена и фотографија. По девојчињата, 15 годишната Мелиса и 12 годишната Аниса се трагаше од... Прочитај повеќе...

Германија прифати 32 мигранти кои ја преживеаја бурата кај Италија

Германија прифати 32 преживеани мигранти од минатомесечниот бродолом кај јужна Италија, соопштија денеска италијанските власти и Обединетите нации. Меѓународната организација за миграција (ИОМ) помогна да се организира чартер лет со кој беа превезени 32 преживеани во Хамбург, се вели во соопштението на Канцеларијата на Владата на италијанската област Калабрија. Како... Прочитај повеќе...

Пензионер oд Италија избегнал плаќање патарина од 4.000 евра, полицијата ја откри измамата

Италијански државјанин (80) кој живее во дом за стари лица, ризикува да оди на суд, бидејќи вешто избегнал да плати патарина вредна 4.000 евра, користејќи специјална техника која, според локалните медиуми, почесто е резервирана за превоз во метро. Марио, две години патувал со својот автомобил „фиат пунто“ по италијанските автопати,... Прочитај повеќе...

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Најниски трошоци за работната сила во Европската Унија има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург. Како што објави „Евростат“, работник во Бугарија за еден час работа добива 8,2 евра, додека во Романија разботниот час изнесува 9,5 евра. Од друга страна, најскапи работни часови има во Луксембург 50,7 евра,... Прочитај повеќе...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар (ФОТО)

Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на... Прочитај повеќе...

Пронајдени двете двете исчезнати малолетнички во Скопје (ФОТО)

Полицијата ги пронашла двете деца кои се одалечија од своите домови изминатите денови. На социјалните мрежи кружи информација “МВР ги нашла децата! Родителите ќе си ги земат од станица! Браво ” при што е објавена и фотографија. По девојчињата, 15 годишната Мелиса и 12 годишната Аниса се трагаше од четвртокот... Прочитај повеќе...

Стави појас!- Сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот

Денеска (01.04.2023) во Битола, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот реализираа активности од кампањата „Стави појас“, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците. „Со користењето на сигурносните појаси во возилата,... Прочитај повеќе...

Судир меѓу возило и мопед: Тешко повредени возачот на моторот и малолетната сопатничка

На 31.03.2023 во 17.50 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, кај с.Чајле, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Џ.И.(28) од с.Форино, гостиварско и мопед управуван од М.Р.(18) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки. Во несреќата возачот на мопедот М.Р. и неговата малолетна сопатничка... Прочитај повеќе...

34 санкционирани возачи на териториите на СВР Тетово и СВР Охрид

Во текот на вчерашниот ден (31.03.2023) во периодот од 14.00 до 22.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на териториите на СВР Тетово и СВР Охрид. При контролата санкционирани се 34 возачи, од кои 26 за возење повеќе од... Прочитај повеќе...

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување […] The post Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над 500 денари за вреќа од 15 килограми ги одвратија граѓаните од пелетите, а печките на пелети се продаваат по ниски цени по македонските огласници. Според […] The post Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...