Владата објави оглас: Плата 50.000 денари, работа од понеделник до петок, еве што треба да знаете

Владата на Република Македонија објавува јавен оглас за вработување на (6) извршители посебни советници во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија.

Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, заради пополнување на посебни работни места во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, заради извршување на работни задачи на посебни советници, за ангажирање на 6 лица на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработуваат, објавува јавен оглас за следниве позиции:

1. Посебен советник за транспорт и врски 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен, научно поле: Образование; работно искуство од најмалку 8 години во струката.

2. Посебен советникза развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интеркултурните комуникации 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, завршен VI 1/1 степен или завршен VIII степен, научно поле: Етнологија и етногенеза; работно искуство од најмалку 10 години во струката.

3. Посебен советник за странски инвестиции 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен, научно поле: Правни науки; активно познавање на англиски јазик;
работно искуство од најмалку 5 години во струката.

4. Посебен советник за спроведување на Рамковниот договор 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен, научно поле: Економски науки; Организациони науки и управување (менаџмент); работно искуство од најмалку 1 6 години во струката.

5. Посебен советник за транспарентност и отчетност 1 извршител

Потребни квалификации: ниво на стручни квалификации V A според Македонската рамка на квалификации или најмалку вишо образование од областа на уметноста или образованието; работно искуство од најмалку 12 години во струката

6. Посебен советник за млади и спорт— 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 300 кредити слоред ЕКТС или завршен VII/2 степен, научно поле: Правни науки; без работно искуство; активно познавање на англиски јазикниво В2 BULATS; сертификати за завршени обуки од областа на спортот, комуникацијата, визија на младите.

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа од понеделник до петок. Како посебен услов за работа во Канцеларијата е предвидена и работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, a заради извршување на итни и неодложни работи. Нето плата од 25.000,00 до 50.000,00 денари.

Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација: кратка биографија CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса; писмо за мотивација; уверение за државјанство (оригинал или заверено на нотар); доказ за бараното работно искуство; диплома за завршен степен на образование кое се бара за работно место (оригинал или заверено на нотар).

Потребната документација да се достави до архивата на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија или по пошта на следнава адреса: Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Македонија, бул. „Илинден” бр. 2, 1000 Скопје (оо назнака „за оглас за вработување” На другата страна на ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат, односно заклучно со 28. 03. 2018 година до 16:30 часот. Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана.

Извор: Факултети.мк