Владата се засилува со нови пратеници: Еве што објави премиерот Заев предмалку (Видео)

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања на Форумот за владеење на правото во Југоисточна Европа​, изјави дека започнува со процес на зголемување на парламентарното мнозинство во државата.

Прашање: Господине Заев, најавивте реконструкција во владата, кога ќе се случи и може ли да кажете во кои ресори можеда бидат…

Одговор: Реконструкцијата на Владата, пред сè, ќе биде предводена, при евентуалните промени, согласно договорите со политичките партии и пратениците кои што би ја прифатиле програмата на Владата и влез во парламентарното мнозинство.

Оттука ќе тргнат и преговорите за ресорите а истовремено и за кадрите кои ќе бидат понудени во овој дел на реконструкција и промена на одредени кадровски структури во државата.

Значи уште еднаш напоменувам, почнуваме процес на зголемување на парламентарното мнозинство во државата.

Овој процес значи испраќање на сериозна порака до граѓаните, до стопанството, до општеството. Имаме намера, преку посилно и постабилно парламентарно мнозинство, да носиме сериозни одлуки во Република Македонија, кои што, сите знаеме дека се на повидок и доаѓаат.

Апсолутно ќе разговараме со сите, кои што имаат намера, во еден ваков концепт, за едно општество за сите, оние кои што се придржуваат на вредностите на ова владејачко мнозинство, а тоа еве и со законот за јазиците, апсолутно е определено и во кој правец и ќе се движиме.

Луѓето кои што не даваат шанси на едно општество за сите како концепт, јас и не верувам дека може да бидат дел од парламентарното мнозинство. Тие кои што даваат шанса, вредно е да разговараме со нив, затоа што некои од нив и до сега беа опозиција, а даваат поддршка на вредностите што значат едно општество за сите, и нормално општество кое што е посветено на реформите, и евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Така да, веројатно ќе разговараме со сите опозициони политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ.