Влажен бран ќе ја зафати Македонија

Утре попладне претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во четврток и петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер.

Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.