Влегле во домот, па се шокирале кога затекнале змија како се обидува да им украде храна (Видео)

Лара од Северна Каролина доживеала шок кога во својата кујна забележала змија долга повеќе од еден метар. Змијата ползела преку полиците и се обидувала да изеде јајце.

Змијата влегла од собата за перење веш и доползила до кујната.

Лара и нејзиниот сопруг ја пуштиле змијата да се обиде да го доврши својот оброк, а потоа и помогнале да го пронајде патот за надвор.

Змијата сепак не успеала да го изеде јајцето, туку се повредила, што се гледа и на снимката…