Во февруари ни доаѓа снег каков што долго не е виден во овие краишта?

Времето деновиве е навистина чудно. Еден ден високи температури, а наредниот ден паѓа снег.

Како што можеме да видиме во Русија забележани се големи снежни врнежи. Таму е забележан голем пад на температурите каков што долго не се случил.

Професор Зоран Задро од „Vremenska prognoza za HR i BIH svakodnevna“ тврди дека и кај нас времето ќе се влоши.

Можни се големи снежни врнежи. Сега веќе забележуваме снег во одредени подрачја, а за очекување е да има уште снежни врнежи.

Се смета дека поголем дел од Балканот ќе биде зафатен од снежни врнежи. Тоа е можно бидејќи и сега гледаме какви промени во времето се случуваат.

Особено што во декември и јануари немаше многу снег. Можно е овој месец да биде доста постуден. Затоа внимавајте на тоа како се облекувате и очекувајте поголеми минуси.