Во недела очекувајте СНЕГ, а еве какво ќе биде времето од понеделник

Утре ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, претежно во југоисточните делови.

В недела ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот во западните и северните делови од земјава ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег.

Врнежите ќе продолжат и во понеделник претпладне кога ќе дува засилен северен ветер и ќе предизвика позначителен пад на температурата.