Во петок на Балканот се очекуваат големи количини песок од Сахара

Во петок на Балканот се очекуваат големи количини песок од Сахара.

Големи количини сахарски песок ќе стигне до југоисточна Европа во наредните денови, објави метеоролошкиот сервис Severe Weather Europe.

Како што објавиле, песокот ќе го донесе силен јужен ветер од Либија, а најмногу ќе го зафати подрачјето на Грција, Македонија, Бугарија и Романија.

Според објавените проекции, овој феномен нема да ја заобиколи ни БиХ.

Во петок на Балканот се очекува најголема количина песок од Сахара, што може да се види и на мапите кои ги објави SWE.