Прв оздравен пациент од коронавирус во Ресен и четири новозаразени за едно деноноќие

Во Ресен се забележани четири нови случаи на опасниот Ковид 19 информираше министерството за здравство.

Во моментов бројот на вкупно заразени е 89, од кои активни се 85. Регистриран е и првиот оздравен пациент.

Да потсетиме дека вчера беше регистриран смртен случај на 42 годишниот ресенчанец, со што бројот на починати се зголеми на 3 лица.