Во шок гледала како див којот го напаѓа нејзиното мало куче. Еве што снимила надзорната камера

Во шок гледала како див којот го напаѓа нејзиното мало куче. Еве што снимила надзорната камера

Еден мал териер чудесно преживеал брутален напад од страна на див којот кој се појавил во дворот од една куќа во предградието на Чикаго во САД.

Којотот во почеток прво кружел околу малото кученце, а потоа го нападнал и почнал да го влече по земја. За среќа, во тој момент се појавила неговата сопственичка и го исплашила којотот кој веднаш избегал.

Кученцето на крај завршило со крвава глава, но имало среќа што воопшто останало живо.