Во цела Македонија температури под нулата – еве што прогнозираат синоптичарите

Утре претпладне се уште на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои во втората половина од денот ќе престануваат.

Ќе дува повремено засилен југозападен ветер, особено на југозападот и на планините.

Од понеделник ќе дува северен ветер што ќе услови намалување на дневната температура.

Поради разведрувањето од вторник утринските температури во најголем дел од земјата ќе бидат под нулата.