Војната во Украина и битката за Црно Море

Мирјана ВАСИЛЕВА

Црно Море кое ја дели Европа и Азија, и црноморскиот басен, каде што денеска се одвиваат логистички воени поморски дејствија поврзани со руската агресија во Украина, повторно се најдоа во фокусот на вниманието по соборувањето на американскиот дрон Reaper.

Информациите што го толкуваа инцидентот посочуваа дека се случил на околу 120 километри западно од Крим.

Судејќи според тврдењата на Пентагон, и видеото што беше објавено, два руски Су-27 го забележале американскиот шпионски дрон и му организирале придружба. Според Москва двата руски ловци не го срушиле директно, но очигледно придонеле дронот да изгуби контрола и да падне во меѓунатодните морски води.

Додека се очекува исходот на истрагата за падот на дронот во Црно Море добрите познавачи на овој регион потсетуваат над водите на ова море со децении не биле евидентирани геополитички тензии. Се разбира, причина за тоа беше фактот што за време на Студената војна и нешто подоцна, Црно Море беше главно под контрола на Москва, како преку територијата на СССР, односно Руската Федерација, така и преку териториите на земјите-членки на Варшавскиот пакт – Бугарија и Романија, кои сега се дел од НАТО алијансата. Всушност, за време на Студената војна, само Турција, која тогаш, како и денес, беше членка на НАТО, беше областа преку која западните сили можеа да проектираат контрола над Црно Море.

Руските стратешки операции за контрола на Крим и на Црно Море

Кога во 2014 година Русија го анектираше Крим, тоа беше стратешка воена операција, меѓу другото, за да спречи целосна деградација на нејзиното влијание врз Црно Море.

Да потсетиме, ривалството мегу Русија и Украина со децении е проткаено со многу спорови кои се решаваа со исто толку многу договори. Еден од нив е договорот од 2003 година за Црно Море, според кој се гарантира целосна слобода на движење на цивилните и воените бродови на двете земји преку водите на Керчкиот премин.

Меѓутоа, откако во 2014 година го презеде Крим, Русија де факто стекна контрола над влезот во Азовското Море, бидејќи сега ги владее двете страни на преминот кој го одвојува од Азовското од Црно море. Нејзината воена надмоќ во однос на Украина е со тенденција да го претвори азовскиот поморски простор во „руско езеро“.

За да го стави својот „потпис“ за контрола на Крим и на каналот што ги поврзува Азовско со Црно Море, во мај 2018 година беше пуштен во употреба мостот со кој континентална Русија се спои со Кримскиот полуостров.

Дел од Црноморската флота на Руската морнарица во базата во Севастопол
Истo така, како стратешка точка, главната руска поморска база се наоѓа во Севастопол на Крим, но доколку не се случеше анексијата на полуостровот, и ако Украина после Мајдан ја задржаше контролата врз целата земја, денес Русија во областа на Црно Море, ќе го контролираше само источниот дел.

НАТО во Црно Море

Денес, откако Кремљ се позиционираше делумно и на источниот брег, поради војната во Украина тензии се чувствуваат низ целото крајбрежје. Романија, земја членка на НАТО, која контролира околу 3.000 квадратни километри од Црно Море, веќе извесно време е во состојба на готовност. Воени извори од Романија тврдат дека руските воени бродови доста често се појавуваат во нивната ексклузивна поморско-економска зона.

Од друга страна, пак, Русија има силна морнарица, но дури и тоа не ѝ помогна да ја одржи контролата над стратешки многу важниот Змиски остров, украински остров блиску до Романија. Територијата на Романија секако е во дострелот на руските ракети, а од Крим е на само околу 225 километри.

Властите во Букурешт најавија зголемување на годишните воени трошоци на 2,5 отсто од БДП, но тоа е прилично голем товар за земја која е позната како една од најсиромашните во Европската Унија. Сепак, романските воени планери планираат да купат две француски подморници и 32 парчиња воени авиони Ф-16 заедно со нови хеликоптери.

Романскиот премиер Николае Чиука е поранешен војник кој служел во Ирак и Авганистан, а во Романија е познат како „Пустинскиот генерал“. За него пишуваат медиумите дека е човек кој ја има довербата на Американците и дека, меѓу другото, е голем заговорник да ја зајакне романската одбрана, која вклучува околу 4 милијарди евра за американските системи земја-воздух „Патриот“.

Воздушната база 57 на американските воени сили во Романија
Големата Воздушна база 57 се наоѓа во близина на пристанишниот град Констанца. Таа е една од шесте воени бази во Романија до кои силите на НАТО имаат пристап. Ова е исто така област на нова акумулација на силите на директна американска моќ – околу 10.000 американски војници ќе бидат стационирани во овие бази во наредните години, а базата 57 би можела да стане романска верзија на германската Рамштајн, главната американска воздушна база во Германија.

Другите „пливачи“ во Црно Море

Кога станува збор за Турција, таа се наоѓа во пресекот на трите таканаречени зони на ексклузивен простор што го воспостави Русија. Една е Крим од 2014 година, друга во Кавкаскиот со руските „мировни“ сили во Ерменија, и трет, од 2015, олицетворен во трупите на сирискиот брег.

Иако е загрижена заради таквата состојба, Анкара засега не повлекува потези кои би го довеле во прашање нивното учество за воена контрола над црноморскиот простор. Досегашните солидни односи со Москва произлегуваат од енергетскиот домен и се зацврстија со гасоводот „Турски тек“.

И покрај тоа што Турција презеде повеќе активности како регионален играч за мирно разрешување на војната во Украина, потоа околу ослободувањето на затвореници од двете страни, во деблокадата со ОН за извоз на жито, Анкара суверено го контролира својот дел од Црно море според Конвенцијата од Монтре од 1936 година.

Грузија е една од шесте земји што излегува на брегот на Црно Море со околу 25 километри југоисточно од рускиот град Сочи.

Голем дел од брегот на Грузија сега е под контрола на Абхазија за којашто за Москва е независна земја, а всушност, таа е еден од двата грузиски региони кои се отцепија по кратката руско-грузиска војна во август 2008 година (другиот е Јужна Осетија).

Со повеќе од половина од грузискиот брег на Црно Море под Абхазија, руското присуство и овде е значително.

Битката за Украина секако е и битка за Црното Море, а инцидентот со американскиот дрон само дополнително го привлече вниманието кон ова море, најмногу заради отворените амбиции да го заземат целиот украински брег и да се спојат со Придњестровје во Молдавија.

НАТО, според анализите, не може да го игнорира овие амбиции на Москва, но веќе прави сѐ за да го спречи тоа. Како еден од одговорите на овие закани на Русија, поучена од геостратегиските потези на Кремљ, Алијансата планира кај своите сојузници од Југоисточна Европа да создаде нови бази, меѓу кои дел од нив ќе бидат и на крајбрежјето на Црно Море во Романија и Бугарија.

извор: Рацин.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија. Германскиот канцелар дал поддршка и за следните чекори кои земајва треба да ги направи на патот кон... Прочитај повеќе...

Ковачевски од Молдавија: Само заеднички може да се справивме со безбедносните, економските и енергетските предизвици

„Изминатава година и руската брутална инвазија врз суверена и независна Украина многу јасно ни покажа дека земјите од слободниот демократски свет имаат заеднички безбедносни, економски и енергетски предизвици. Но исто така и дека само заеднички и обединето можеме да се справуваме со истите, доколку сакаме да имаме успех“ изјави премиерот... Прочитај повеќе...

Трагедија: Пронајдена почината млада скопјанка

На 31.05.2023 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом била пронајдена почината И.Р.К.(33). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција. Прочитај повеќе...

Каракачанов: Бујар Османи во Брисел лобираше за Македонија на штета на Бугарија

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, во Брисел посетуваше различни институции и лобираше за неговата држава. Контроверзниот бугарски политичар и поранешен функционер, Красимир Каракачанов, со остра критика кон бугарските власти и „восхитување“ за лобирањата од страна на македонската Влада. „Се работи за тотално лобирање од страна на македонската Влада... Прочитај повеќе...

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки во надлеженост на Судскиот Совет во кои се оценува или одлучува за судии, претседатели на судови, иако тие судии или... Прочитај повеќе...

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија. Германскиот канцелар дал поддршка и за следните чекори кои земајва треба да ги направи на патот кон... Прочитај повеќе...

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки во надлеженост на Судскиот Совет во кои се оценува или одлучува за судии, претседатели на судови, иако тие судии или... Прочитај повеќе...

СДСМ Битола изразува благодарност до сите советници што го поддржаа предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на Управните и Надзорните одбори во шесте битолски јавни претпријатија кои работат недомаќински

Соопштение на СДСМ Битола: СДСМ Битола изразува благодарност до сите советници што го поддржаа предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на Управните и Надзорните одбори во шесте битолски јавни претпријатија кои работат недомаќински или со загуба или, пак, не... Прочитај повеќе...

СДСМ: Доста беа врти-сучи изјави, Мицкоски пред лидерска да каже: ЕУ или Левица

Соопштение на СДСМ: По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. Потребно е да го продолжиме европскиот пат и да реализираме уште една стратешка цел. Откако скрининг процесот што се води на официјален македонски јазик, наскоро ќе заврши,... Прочитај повеќе...

Илон Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Илон Маск (Елон Маск), сопственикот на Tesla, SpaceX и Twitter, ја врати својата позиција на најбогат човек во светот. Ова го покажуваат податоците на Блумберг, кој проценува дека нето вредноста на директорот на Тесла сега е околу 192 милијарди долари, наспроти 187 милијарди долари на извршниот директор на LVMH, Бернард... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Северна Македонија – НАТТА на која се избраа органите и формите на делување. На седницата согласно Правилата за работа на Асоцијацијата, усвоен е предлогот за […] The post Оддржана констутивна седница на НАТТА appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС кон сите мрежи и 2 GB интернет со важност од 30 дена или xtraNEТ S со 3 GB интернет со важност од 7 дена. Промотивниот […] The post Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy