Вонредна прогноза: Студен бран носи снег и температури во минус, а еве од кога се очекува затоплување

Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно и студено време со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд.

Утре на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2, а во североисточниот дел и над 20л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.

В петок сеуште ќе има повремени од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат.

В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. В сабота и в недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен.

Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.