Вознемирувачка снимка: Полицаец преживеал страшна сообраќајка (Видео)

Полициски камери забележале страшна сообраќајка во сојузната држава Јута. На патот прекриен со снег полицаец излегол од својот автомобил и тргнал кон возилото пред него.

Во тој момент на него со полна брзина налетал автомобил чија возачка изгубила контрола над лизгавата подлога.

Полицаецот страшно бил исфрлен и по летот низ воздух паднал на подлогата. За среќа, ја преживеал несреќата и поминал со скршено рамо.

– Сè на што се сеќавам е дека излегов од автомобилот, а потоа завладеа црнило, рекол полицаецот.