Времето ќе се расипе – еве што велат синоптичарите

Времето ќе се расипе – еве што велат синоптичарите

Врнежите ќе продолжат и утре и во сабота претпладне. Поинтензивни врнежи ќе има во северните и централните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2.

Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.

За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло.

Во понеделник ноќта кон вторник ќе има услови за краткотраен локален дожд.