Времето се менува: Еве што прогнозираат синоптичарите!

До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјава ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад ќе започнат врнежи од дожд.

Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата.

Во недела претежно во западните и источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а понекаде на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.