Времето се менува од утре – еве што ќе се случува

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, по одделни котлини со појава на магла. Попладне, во ноќните часови како и во сабота претпладне ќе дува засилен јужен ветер.

Под влијание на нов влажен бран в сабота од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои повисоки места.

Од недела под влијание на северно воздушно струење температурите значително ќе опаднат.