За сите љубители на слатки: Во продажба канта со три килограми „Нутела“ – еве колку чини (Фото)

Сопственик на еден супермаркет во Германија одлучил на своите купувачи да им ја понуди популарната „Нутела“ во прилично необична амбалажа. Имено, се работи за „Нутела“ која се продава во канти.

Една ваква канта содржи три килограми „Нутела“, а можете да ја добиете за 29.99 евра или околу 1.800 денари.

Тобиас Скиба од продавницата вели дека редовните муштерии постојано го прашувале дали во понудата има некои поголеми тегли од овој популарен намаз.

– Ги прашав добавувачите дали може да се направи нешто и тие ми ја понудија оваа големина, вели Скиба, додавајќи дека производот одлично се продава.