За Велигден четиридневен полициски час?

На Велики четврток – 16-ти април, во 16 часот би започнал полицискиот час, а би завршил дури следната седмица во вторник, 21 април во 5 часот, јавува Centar.mk.

Ова би бил четиридневен полициски час.

Ваков предлог разгледуваат институциите, кој се очекува следните денови да биде предложен и до Владата.

Овој период многумина го коментираат како критичен за коронавирусот, со оглед дека верниците масовно се собираат во црквите. Во многу земји, каде се слави католичкиот Велигден, кој се паѓа оваа недела нема да има литургии во црквите, а граѓаните ќе го одбележат најголемиот христијански ден во своите домови, така ќе биде и во Македонија.

Познавачите велат дека актуелните мерки на Владата носат резултати, па токму поради ова најверојатно Македонија нема изненадувачки раст на заразени со коронавирус, а како една од главните причини се строгите рестриктивни мерки кои во Македонија започнаа да се применуваат уште пред да бидат заразени првите десетина лица, додека вакви мерки во другите земји почнаа да се применуваат дури откако бројот на зарезни се мереше со стотици или илјадници.

Целата анализа на Centar.mk.