Заев најави чистка во Владата: Тој што нема да испорача резултати ќе биде разрешен!

Следам внимателно и од каде доаѓаат критиките. Доаѓаат од амбициите за позиции, но доаѓаат и од високите очекувања на граѓаните. Секогаш се трудам да ги земам предвид оние кои се конструктивни и аргументирани за да ги поправаме политиките и однесувањата, вели во интервју за МИА премиерот Зоран Заев.

За највената реконструкција и кадровско проветрување Заев вели дека има прилично јасна претстава.

– Ги правам последните консултации. На разрешувањата треба веднаш да им следуваат и новите именувања. За мене е сосема логично некој што не може да испорача резултати да биде разрешен или сам да се повлече – вели Заев.

Прашан дали ова проветрување ќе важи и за најголемиот коалициски партнер зашто има многу забелешки што се упатуваат на таа адреса, премиерот вели дека ДУИ понудила луѓе кои не биле во претходната власт.

– Јас на луѓето во Владата не гледам како на луѓе од СДСМ, како луѓе кои дојдоа од експертската сфера, од граѓанскиот сектор или од било која друга партија. Гледам на нив како на луѓе кои треба да испорачаат резултати. Дополнителен критериум за мене е колку нивната работа влијае да се забележи разлика од политиките на претходната власт, дали работата на институцијата е променета на подобро. Граѓаните ја променија власта и логично е да очекуваат конкретни, видливи промени во институциите. Следува прашањето дали сме реализирале барем дел од ветувањата, од програмата што сами ја понудивме.Носителите на јавни функции мора да испорачаат резултати со кои се подобрува животот на граѓаните. Во тие рамки ќе се движат размислувањата и одлуките за промените што ќе следуваат.

Заев, во интервјуто за МИА нагласува дека нема да има дипломатски булдожери меѓу Македонија и Грција, дека за такво решение вреди да се жртвува и политичката кариера a најавува средба со со неговиот грчки колега Ципрас.

– Кога ќе ја слушнете најавата за средба Заев и Ципрас да знаете дека сме тука со достоинственото решениа за државата, вели премиерот.