Заев во интервју за Centar.mk најавува пресврт за Преспа: Ние имаме обврска да му се оддолжиме на Преспанскиот регион кој навистина со години беше заборевен и запоставен

Во интервју за еден од најчитаните македонски портали Centar.mk, лидерот на СДСМ, Зоран Заев зборува и за Преспанскиот регион.

Еве го целото прашање:

Centar.mk: Преспа е еден од ретките региони кој се уште останува неразвиен, иако има неверојатни потенцијали за туризам таму. Имате ли план за Преспа да ја кренеме на ниво како што заслужува?

Зоран Заев: Со договорот со Грција, Преспа влезе во нашата, но и во балканската и европска историја. Ние имаме обврска да му се оддолжиме на Преспанскиот регион кој навистина со години беше заборевен и запоставен.

Со отворањето на граничниот премин Маркова нога, ќе го отвориме овој регион кон Грција, кон ЕУ, тоа носи поголема и поинтензивна економска соработка, тоа се повеќе пари во тој регион, повеќе можности за меѓугранична соработка, побрз транспорт и подобро поврзување.

Ќе вложуваме и во Преспанското езеро преку негова регулација, преку изградба на кеј и пешачка патека, но и за поборување на еколошката состојба на езерото.

За Преспа обезбедуваме и европски пари, пари кои ќе насочиме во инфратруктура, во подрршка на оние гранки кои се важни за тој регион, односно туризмот и секако земјоделството и производството на нашите надалеку познати ресенски јаболка.

Целото интервју прочитајте го тука.