Застрашувачка вожња по најопасниот пат на светот (Видео)

Велат дека митската долина Панги на северот на Индија е еден од последните недопрени делови на таа држава, а се надеваме дека и така ќе остане бидејќи се работи за ретко чудо на природата.

Тешката излолација е последица и на сообраќајната неповрзаност, а некои села се поврзани со тешко проодни и опасни планински патишта.

Авантуристите понекогаш знаат да залутаат таму, а овие мотоциклисти одлучиле да ја снимат својата авантура на рута помеѓу Килара и Киштвара.

Ако го занемариме фактот што буквално секоја секунда можеле да загинат, навистина се работи за нешто преубаво…