Застрашувачко видео: Момчето мирно стоело, кога лав затрчал кон него

Едно момче во зоолошка го набљудувало лавот кој бил зад затворено стакло.

Но, кога воодушевеното момче се свртило, лавот се затрчал кон него.

Овој настан, кој го шокира светот, се случил во Јапонија. Двегодишникот не ни знаел што се случува зад него додека се смешкал на камерата. Кога лавот удрил во стаклото, момчето не се преплашило, туку само се повлекло.

Работниците во зоолошката велат дека лавот често така реагира кога ќе види деца, но не им посакува зло туку само сака да си игра.